Јана Стојановска: Улогата на мајка ми е најинтересна улога со која сум се сретнала

Ненад личи на сите. Понекогаш се менува дури и во ист ден. Многу интересно е како генетиката си ја врши работата. Кога се роди личеше на дедо ми Ацо. Потоа почна да личи на мене. Сега мешано, малку на мене, малку на Андрија, ама повеќе на Андрија, ни раскажува глумицата Јана Стојановска.

Пред пет месеци глумицата Јана Стојановска се породи, на свет го донесе синчето Ненад, плод на љубовта со сопругот Андрија. Крстен е по дедо му, македонската легенда Ненад Стојановски.
Убавата и мултиталентирана уметница по породувањето веднаш се вратила во одлична форма.

Како успеа да „симнеш“ 20 килограми кои, велиш, ги имаше во седмиот месец од бременоста?

– Ненад ме поштеди од поголеми деформитети со тоа што реши да излезе порано. Сепак, постојано се мачкав со крема против стрии. Мајка ми, после две бремености, нема ниту една стрија, па од тој аспект генетски сме добри.

Како помина породувањето?

– Се породив со царски рез, кој го изврши одлична докторка во една позната болница во Букурешт. Солзите не беа неприсутни, но физички сум силна и издржлива. Многу брзо се исправив на нозе.

Кој ти помага околу Ненад?

– Во Букурешт сме сами со Андрија, а со оглед на тоа дека тој има по два тренинга дневно, сама поминувам повеќе време со бебето. Инсистирав никој да не доаѓа за помош, зашто сметам дека за бебето е многу важно првите денови да биде со мама и тато. Јас сум од оние кои не сакаат помош, си имам „систем“ и можам сè сама.

Како глумица си одиграла различни улоги, па како ја доживуваш новата улога, на мајка?

– За мене е ова најинтересна улога со која сум се сретнала. Колку што е одговорна, толку и ја полни душата со убавини.

Слични објави

Брза и неодолива палачинка со шунка и кашкавал (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Igor

ОСКАРИ: Историјата на модата на Оскарите преку 10 креации (ФОТО/ВИДЕО)

Васко Спасоски

Нејзиното лице е сто проценти пластика: Фановите шокирани од изгледот на славната русокоса (ФОТО)

Еспресо

БОЛИВУД полуде по згодната ГРЧКА актерка (ФОТО)

Igor

Хари Мата Хари ограбен во Белград: Му украле часовник вреден 15.000 евра!

Еспресо

Како да препознаете чист природен мед?

Igor

Остави Коментар

седум + 19 =

Слични објави

Почина легендарниот комичар Тери Џонс од „Монти Пајтон“

Еспресо

Славната актерка за мрачните моменти од почетокот на кариерата: Ми се случуваа страшни работи…

Еспресо

Три главни причини поради кои луѓето во среќни врски ги изневеруваат партнерите

Еспресо

Деми Мур покажа дека проѕирното не мора да биде и вулгарно (ФОТО)

Еспресо

Вознемирувачка снимка од убиството на глумицата: Потегнала лажен пиштол на полицијата, веднаш ја застрелале! (ВИДЕО)

Еспресо

Џенифер Лопез прошета во секси чизми преку колена, а кога ќе ја видите сликата ќе ви стане јасно зошто сите погледи се вперени кон неа (ФОТО)

Еспресо