11.8 C
Скопје
19:09 - 19 април, 2024

Девет женски особини кои мажите ги обожаваат!

Жените се свесни дека не постои само една особина по која сите мажи полудуваат. Мажите бараат простор во врската, стравствена поврзаност и нешто што нивните пријатели не можат да им го понудат.

Секако, голема улога игра и физичкиот изглед, а самата наука докажа дека мажите (во повеќето ситуации) ги привлекуваат жените со облини.

Во продолжение прочитајте кои се деветте женски особини кои мажите ги сакаат најмногу:

Малку шминка или воопшто без шминка

На мажите многу повеќе им се допаѓаат жените со природен изглед, во однос на оние кои носат премногу шминка. Тоа им покажува дека сте сигурни сами во себе. Секако, ова не значи дека никогаш повеќе не треба да носите шминка, туку да не претерувате со неа.

Полни со самодоверба

Мажите обожаваат жени кои се познаваат самите себеси и се прифаќаат такви какви што се, без разлика на тоа што мислат другите за нив. Тоа не значи дека треба да бидете невоспитани кон другите или груби, туку едноставно да се цените себеси и да не барате константно внимание. Силни, одлучни и амбициозни се типови на жени кои неверојатно ги привлекуваат мажите.

Интелигенција

Мажите не се преголеми фанови на „откачени“ женски. Немојте да мислите дека интелигенцијата ги заплашува мажите, напротив тие обожаваат снаодливи жени, кои знаат да бидат саркастични и немаат страв да го покажат своето знаење и општа култура.

Фото: Инстаграм

Љубезност

Мажите не сакаат жени кои не се љубезни и се остри. Не треба да дозволите кој било да гази по вас, туку само да изразите искрена емпатија и пријатност.

Мажите сакаат да бидете витези на бел коњ

Тоа треба да им го дозволите. Иако сте независни и речиси се правите сами, понекогаш добро е да прифатите помош. Мажите сакаат да знаат дека ви се потребни.  Дозволете им да ви ја отворат вратата, да ви поправат нешто по дома или едноставно нешто да ви помогнат.

Бидете отворени

Постојат некои работи за кои веројатно нема да прифатите компромис. Без разлика дали станува збор за политика, омилениот бенд или нешто друго. Мажите сметаат дека љубопитните и разиграни жени се доста привлечни, а посебно им се допаѓаат оние кои сакаат да ги гледаат работите од друга перспектива.

Хумор

Хуморот е особина која дефинитивно ги привлекува сите мажи, а припадниците на посилниот пол обожаваат да минуваат време со жени кои се способни да се насмеат речиси во секоја ситуација, наместо да прават драми.

Искрена насмевка

Мажите многу сакаат жени кои се среќни, весели, позитивни и едноставни. Жени кои умеат да се смеат на шеги, да се воодушевуваат на ситници и слично се вистински магнет за мажите.

Единственост

Постои причина зошто некој маж сака да биде со вас, а не со некоја друга. Мажите се преголеми љубители на жени кои ги следат трендовите и не се вклопуваат во масата. Креативност, индивидуалност и се она што ве прави поинакви ќе остави траен печат кај мажот.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....