9.8 C
Скопје
17:15 - 18 април, 2024

Денеска е Бадник: Вратете сè што сте позајмиле и смирете се со сите со кои сте се скарале

Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати сè што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога.

Бадник е празник кога семејството се собира заедно во домот, седнува на заедничка посна и богата трпеза и крши лепче со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне паричката, цела наредна година ќе го следи здравје, успех и среќа. Традицијата налага оваа вечер да не се оди никаде на гости, туку да се остане во домот со богато посно мени што има и симболично значење и  означува богатство и изобилство и во наредната година.

Бадник се прославува еден ден пред Божиќ и претставува последен и најстрог ден на божиќниот пост и носи голема среќа во домовите, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање.

Празникот името Бадник го добил по гранката од даб – бадник, бидејќи дабот се смета за најздраво дрво и симболизира здравје за целото семејство. Во минатото бадникот се сечел на тој ден, се внесувал дома и се палел.

Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар или се зема од црква ноќта пред Бадник, се става на влезната врата од домот или се става покрај икона.

Бадникова вечера

Бадниковата вечера започнува со благослов на домаќинот на трпезата, а потоа и кршење на бадниковото лепче со паричка, на онолку делови колку што има и членови во семејството, оставајќи дел за Бога и дел за куќата. На Бадник, според традицијата, во огнот се става да гори и бадниково гранче.

Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, посна сарма или грав, со салата од зелка или компир.

Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со сушено овошје.

Обичај е трпезата да не се раскрева и да се остави да стои преку целата ноќ.

Обичајот за сечењето на бадниковото лепче со паричка и со палењето бадник се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да ги стоплат бебето Исус и неговата мајка.

Profimedia

Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати сè што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....