Дали сте добар родител? Хармонично семејство за здрави деца

Семејството е основната нишка во која детето го осознава светот, учи и се социјализира. Воспитувањето од најмала возраст го прави почетниот стадиум на здравата детската личност.

Во системот во кој сите членови од семејството се поврзани и зависни еден од друг, младата личност се навикнува на нормите на почитување и правилата во општеството.

Индивидуалните фактори ги прават комуникацијата и толеранцијата успешни или креативни. Доколку во семејството постојат недоразбирања кај родителите, конфликти или надворешните стресогени фактори ја нарушуваат хармонијата – најмладите членови, децата ги чувствуваат тие промени. Младите се плашат од непознатото и од неочекувани промени, додека конфликтите ја нарушуваат состојбата на рамнотежа.

Децата имаат потреба од заштита и мирна средина, каде што ќе се чувствуваат безбедно, заштитено и безгрижно. Хармонијата на семејството е фактор што влијае на градењето просперитетна возрасна личност.

Кога зборуваме за хармонија, ги земаме предвид и факторите како преселба во друга населба, смрт на драга личност од семејството или промена на училиштето. Во ваква ситуација децата стануваат несигурни, бидејќи започнуваат од почеток со нови другарчиња или ја нема личноста која им дава поддршка. Затоа поддршката од семејството е најважна, како и честите објаснувања дека губитокот е дел од животот, кои се најважни за детската личност. Во овие кризни состојби освен родителската грижа, потребно е да се поразговара и со стручно лице, за да се одреди начинот на психотерапија. Воспоставувањето повторна рамнотежа со секојдневни обврски и рутина е неопходно, за враќање во нормала на функционирањето на детето.

Градењето цврта и сигурна релација помеѓу детето и личноста која се грижи за него, вклучува семејни правила, почитување на традицијата, заеднички активности во текот на денот, меѓусебно помагање, почитување, чувство на отвореност, доверба, сочувство, љубов, грижливи и внимателни меѓучовечки односи.

Колку е постабилно детското секојдневие, толку позаштитено и посигурно тоа и ќе се чувствува. Редот и навиките се важен предуслов за добра концентрација и дисциплина кај детето.

Секое семејство има свое темпо на функционирање, оригинални карактеристики и потреби, различни од потребите на секое друго семејство.

Психофизичката состојба на детето за прифаќање на светот на возрасните, овозможува правилен избор на професија и партнер во животот во иднина. Емоционалната потпора со заедничките прошетки и давањето до знаење на детето дека е сакано прави детето да ја почувствува својата важност. Со нагласувањето на потребата за навремено извршување на домашните задачи од училиште, се нагласува потребата за одговорност кај детето.

Човекот е социјално суштество и постојаните односи со блиските луѓе се важни. Доколку самото дете има потешкотии да воспоставува нови контакти, помогнете со ваши начини да успее во тоа. Можете да го направите со организирање домашни забави, запишување во спортки клуб, музика, јазици.

Развојот на детето во здрава емоционална, социјална и културна семејна средина го трасира патот на детето за правилно воспоставување на контактите, рационална контрола на импулсите и решавање на проблемите на конструктувен начин.

Слични објави

Манекенката Криси Тиген призна дека жали поради пластичните операции!

Еспресо

Коронавирусот и сѐ почести главоболки, фактори што ги поврзуваат

Еспресо

Од 1986-та година исто се облекува и има иста фризура: Сега се одлучи да го промени тоа и погледнете како изгледа! (ВИДЕО)

Еспресо

Филарета Атанасова, глумица: Обожавам што сум жена!

Еспресо

Бикини кое изгледа како некој да ве држи за градите ги излуди модните блогерки (ФОТО)

Igor

Сок за слабеење кој е вистински хит: На интернет овој рецепт го прегледале повеќе од 3 милиони луѓе! (ВИДЕО)

Еспресо

Остави Коментар

оне + 8 =

Слични објави

„Ги жалам таквите како тебе“: Саудиска тинејџерка која побегна од насилното семејство објави слика во бикини и се соочи со лавина од критики

Еспресо

Ема Гуди зема плата од 65.000 евра за да го чува угледот на кралското семејство

Еспресо

Прекумерно се потите за време на топлите денови – Еве како да го спречите тоа!

Еспресо

Хит фризура за летото: Кратката коса е повторно во мода (ФОТО)

Igor

Работите отидоа предалеку! Ако ви треба ботокс не мора да излегувате од кола, оваа болница ќе ви вбризга ботокс додека сте во колата! (ВИДЕО)

Еспресо

Наташа Беквалац на црвениот тепих во краток сако-фустан, а сандалите се посебна приказна

Еспресо