21.8 C
Скопје
13:41 - 28 март, 2024

Витаминскиот сок од рибизла е се што ви е потребно на оваа жештина (РЕЦЕПТ)

Нешто неочекувано, но сосема прилагодено на ова топло време…

За подготовка на витаминскиот сок од рибизла е потребно:

-1 килограм рибизли
-1 килограм шеќер (за оние кои не консумираат шеќер, можат да одберат стевија, јаворов сируп и сл.)
-1 лимон или половина лимонтус

Поготовка:

Рибизлите добро измијте ги и отстранете им ги гранчињата, па со раце добро изгмечете ги. Исцедете го лимонот, па додадете ги и рибизлите. Покријте и оставете го неколку часа, а потоа добро процедете ги.
Измерете го чистиот сок, па на литар чист сок додадете малку вода, околу 300 милилитри. Спојте го со сокот, па додадете шеќер. На литар сок оди еден килограм шеќер.

Ставете го на шпорет да зоврие, па соберете ја пената. Оставете минута две да се вари, па врело сипете го во шишиња и затворете со метален капак. Доколку сакате подолго да стои, пастеризирајте го .

Вклучете ја рерната на 90 степени, ставете ги шишињата и нека стојат 90 минути во рерна. Шишињата оставете ги во рерна додека да се оладат. Оставете ги во рерната да стојат до наутро, а потоа спакувајте ги.

Ако правите помала количина, доволно е да ги ставите во врело шише, добро затворете го и оладениот сок потоа ставете го во фрижидер.

Со неколку коцки мраз, сокот е многу освежителен, доколку сакате поздрава варијанта, наместо шеќерот употребете јаворов сируп или пак стевиа, или било кој друг природен засладувач и освежувајте се во овие летни топли денови.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....