Палачинки со јаболка

СОСТОЈКИ:

ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ:

– 1 чаша брашно
– 2 лажици шеќер
– 2 лажички пециво
– 1/2 лажичка сол
– 1 чаша млеко
– 1 јајце
– 2 лажици стопен путер
– 1 лажица маслиново масло

ЗА ПРЕЛИВ:
– 2 мали или 1 големо јаболко
– 1 лажичка нишесте
– 1/2 лажичка цимет
– 1/3 чаша јаворов сируп

ПОДГОТОВКА:
Измешајте го брашното со пецивото, шеќерот, солта и циметот. Во друг сад измешајте ги млекото, јајцето и мешајте со вилушка да се соединат. Додека мешате додавајте го растопениот путер и потоа маслото. Додајте ги овие состојки во садот со брашно и мешајте да добиете хомогена смеса. Оставете го накратко да отстои. За тоа време ставете ги јаболката исечкани на коцки во еден сад заедно со другите состојки да се варат додека омекнат јаболката. Тавата подмачкана со масло загрејте ја и ставете од смесата за палачинки. Печете ги од едната страна, па превртете ги од другата. Вадете ги во чинија и работете додека се потроши смесата. На крај сервирајте ги со путер и смесата за прелив.

Слични објави

Колач со семе од афион и јаболка (ВИДЕО)

Igor

Готово за 5 минути: Чоколадни коцки со ореви

Igor

Малку поинаков и повкусен појадок кој се подготвува за само 15 минути (РЕЦЕПТ)

Igor

Нека не ви биде здодевно – Направете ги овие едноставни колачиња со пиво (РЕЦЕПТ)

Еспресо

Домашен рецепт за подготовка на вкусна рибја чорба! (ВИДЕО)

Еспресо

Совршен додаток на кафето – Домашни кроасани со ореви

Igor

Остави Коментар