13.8 C
Скопје
12:39 - 19 април, 2024

Намирници кои имаат смирувачко дејство

Кои се тие магични намирници кои имаат смирувачко дејство? Прочитајте го основниот список и потрудете се секогаш да имате нешто од тоа во вашите резерви…

Анксиозноста претставува составен дел од животот на речиси секој современ човек и најчесто се решава со психотерапија или конзумирање на одредени лекови. Меѓутоа, многумина не се свесни дека важен дел од борбата со овој проблем е и балансираната храна проследена со физичка активност.

Сите овие елементи на здрав живот секако не можат да бидат лек против анксиозност, но докажано е дека позитивно дејствуваат на расположението и целокупното здравје на поединецот.

Овие намирници ќе ви помогнат во борбата против овие проблеми…

Риба богата со масни киселини

Во истражувањата направени од Универзитетот во Охајо, студентите ги земале суплементите омега 3 масни киселини и успеале да ја намалат анксиозноста за околку 20 проценти, во однос на оние кои земале плацебо. Не е неопходно да се одлучите за суплементи, но можете да се исхранувате со храна богата со омега 3 маснаи кисели кои ги содржат одредени видови на риби.

Чај од камилица

Камилицата се користи во здравството уште од дамнешни времиња, но неодамна е откриено дека позитивно делува на лица кои патат од анксиозност, и тоа од блага до умерена форма на болеста. Ако не сакате чај, потрудете се да набавите екстракт од камилица.

Јајца

На мозокот му се неопходни витамини од Б групата за нормално да функционира. Ако ги нема доволно во нашата исхрана може да дојде до нервоза, анксиозност, чувствителност и многу други последици. Потрудете се во исхраната да имате различни продукти кои се богат извор на витамин Б, како цитрусно овошје или јајца. Во јајцата има и нолин, хранлива состојка која им е посебно потребна на жените во менопауза.

Пробиотици

Оддамна знаеме дека мозокот и желудникот се поврзани, инаку како би чувствувале глад? Меѓутоа, новите истражувања покажаа дека бактериите во нашиот желудник имаат влијание врз нашите чувства. Пробиотиците, добри бактерии, овозможуваат исправно функционирање на дигестивниот систем, но некои од нив, кои се наоѓаат во јогуртот, го намалуваат стресот, анксиозноста и депресијата. Научниците истакнале дека ваквото откритие е охрабрувачко, но дека се потребни понатамошни истражувања.

Зелен чај

Зелениот чај е богат извор на танин, кој има смирувачко дејство врз човекот. Едно истражување покажало дека студентите кои се склони на анксиозност останале мирни после само 200 милиграма од оваа амино киселина.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....