12.8 C
Скопје
00:28 - 16 април, 2024

Најмоќниот домашен лек за сувата кашлица – Шолја топло млеко со уште неколку додатоци ќе го реши вашиот проблем!

Овој народен лек можат да го користат и децата…

Кашлицата е грчевита контракција на мускулите, која може да се излекува со народен лек. Доколку во млекото додадете и жалфија, овој проблем ќе исчезне во краток рок.

Високиот процент на етерични масла кои содржат антибактериски и антиинфламаторни дејства, како и големата количина на фосфорна киселина, витамините Ц, Б1, П и тианинот, ја прават жалфијата многу моќен борец против кашлицата. Во комбинацијата со млекото дава одлични резултати, но само доколку се подготви на овој начин:

– Неопходно е во сад на оган да ставите 250 мл млеко, да додадете 1 супена лажица жалфија и да варите на тивок оган се до зовривање.

– Кога млекото ќе зоврие, тргнете го садот од оган. Во напитокот додадете и 1 лажица путер, поклопете и оставете да отстои 15 минути.

– Процедете го напитокот и додадете 1 лажица мед и прстофат куркума и се добро измешајте.
Пијте ја оваа мешавина еден час пред да си легнете.

Напомена: Овој лек не им се препорачува на доилките и лицата кои се склони на болести со бубрезите и хипотензија.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....