6.8 C
Скопје
01:25 - 29 март, 2024

Летна безалкохолна сангрија (РЕЦЕПТ)

Речиси секој популарен коктел има и своја безалкохолна верзија, па така и познатата сангрија.

Во лето, некои луѓе не можат да го поднесат алкохолот, па овој предлог е првично за нив, а потоа и за сите оние кои сакаат да го пробаат.

За 2,5 литри пијалак потребни ви се:

1 л сок од грозје (или друго зрнесто овошје како боровинка или брусница)
2,5 дл сок од портокал
2,5 дл сок од лимон
Еден лимон исечен на парчиња
Еден портокал исечен на парчиња
Две полни чаши смрзнато шумско овошје
Неколку листови нане крупно исецкани
1 л минерална вода

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки, освен минералната вода, во голем сад и оставете ги неколку часа во фрижидер. Од мешавината ставете до половина во чашата, а од половината нагоре долејте минерална вода.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....