Брзо и вкусно: Пилешка тава со прилог по ваш избор

СОСТОЈКИ

– 500 г пилешко бело месо
– 300 г маринирани печурки
– 200 мл вода
– 200 мл млеко
– 200 мл бело вино
– 1 филџан масло
– 1 кесичка доматно пире
– 1 павлака
– сол, црн пипер, лаворов лист

ПОДГОТОВКА
Исечкајте го пилешкото месо на коцки, потоа додајте го маслото и кратко пржете го. Зачинете со малку сол и црн пипер. Додајте ги млекото, водата и белото вино. Покријте го садот и оставете го да се динста додека омекне месото. Додајте ги печурките и нека се динста уште малку. На крај додајте го доматното пире, павлаката, промешајте и потоа зачинете со оригано, ловоров лист и по потреба со уште сол. Тавата по желба можете да ја послужите веднаш или да ја потпечете во рерна. Послужете ја со прилог по избор – варен ориз и мешан зеленчук, или бешамел крем од варени и пасирани компири, моркови и брокули.

Слични објави

Совршен додаток на кафето – Домашни кроасани со ореви

Igor

БЕЗ МАНА СО АНА – Вегански Чизкејк со Јагоди и Ф’стаци (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Igor

Шпанска пита со спанаќ

Еспресо

Неодоливо пенасти и вкусни: Црвени палачинки! (ВИДЕО)

Igor

Како да подготвите мексиканска салса? (РЕЦЕПТ)

Igor

За љубителите на јагоди – Направете неодолив милкшејк (РЕЦЕПТ)

Igor

Остави Коментар