11.8 C
Скопје
09:05 - 25 април, 2024

4 нешта што ќе ви се случат ако престанете да јадете бел леб

Многупати сме чуле и прочитале дека белиот леб, но и сите други видови леб се штетни за нас и дека ако ги исфрлиме, тогаш ќе бидеме поздрави и побрзо ќе слабееме.

Секако, доколку можете, ограничете го внесот на бел леб, но немојте целосно да ги исклучувате јаглехидратите од исхраната.

Популарната кето-диета за императив го става исфрлањето на лебот од исхраната, но што точно се случува ако целосно го исклучиме?

1. Добивате „кето грип“

Јаглехидратите се основен извор на енергија за работа на мозокот. Кога го намалувате или целосно прекинувате внесот, телото почнува да разложува масти и нив ги користи како извор на енергија, процес познат како кетоза. Резултат на тоа се сува уста, слабост, вртоглавици, заматен вид и лош здив. Ако издржите, телото ќе почне да се навикнува да работи на кетони, но тие никогаш не можат да бидат основен извор на енергија.

2. Ќе трошите многу течности, но ќе имате помалку енергија

Житариците се идеален извор на железо, магнезиум и витамин Б. Со нивно исклучување од исхраната, телото ќе почне да се ослободува од вишокот течности и вие реално ќе слабеете, но тоа не е топење на масти, туку само исфрлање на задржаната вода.

3. Ќе имате проблеми со варењето

Житариците нè снабдуваат со растителни влакна, кои се неопходни за правилно варење на храната, но и за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Тоа понатаму може да предизвика проблеми со исфрлање на изметот, односно или пречесто празнење или многу нередовно.

4. Ќе изгледате несреќно

Јаглехидратите од било кое потекло помагаат за зголемено лачење на серoтонин. Кога не би примале никакви јаглехидрати преку исхраната, ќе лачите минимални количини на серотонин, што по некое време ќе стане видливо на вашето лице.

КЕТО ИСХРАНА: Кои намирници се дозволени во дневното мени?

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....