21.8 C
Скопје
17:08 - 28 март, 2024

Длабински чиста кожа: Домашен пилинг од кокосово масло и сода бикарбона кој прави чуда!

Кокосовото масло е едно од најкористените природни масла кои можете да ги користите, а сода бикарбоната е силен пилинг за лицето, па така заедно се добитна комбинација!

На пазарот постојат бројни производи за нега на кожата кои „ветуваат“ дека ќе ја обноват нашата „природна убавина“, ќе ја направат нашата кожа „беспрекорна“ и ќе ни помогнат да се „збогуваме со акните“. Меѓутоа, повеќето од нив се преполни со опасни хемикалии, чии имиња ни се целосно непознати.

Па токму поради тоа, не ризикувајте и не трошете еден куп пари, направете си домашен здрав пилинг за вашето лице кој навистина е делотворен.

Домашниот пилинг содржи две состојки: сода бикарбона и кокосовомасло.

Кокосовото масло е едно на најкористените природни масла кои можете да ги користите, бидејќи има силни антимикробни, хидратантни и антибактериски својства. Тоа ќе го исчисти вашето лице и ќе ги елиминира мозолчињата. Освен тоа, ова здраво масло третира различни состојби на кожата, вклучувајќи псоријаза и егзема.

Сода бикарбоната е силен пилинг за лице, кој ќе ви помогне да ги елиминирате митесерите, да ги ублажите изгорениците од сонце, дасе изборите против различните проблеми на кожата и да ја омекнете кожата.

Еве како да направите домашен пилинг од кокосово масло и сода бикарбона:

Состојки:

– 1/2 шолја кокосово масло
– 1/2 шолја сода бикарбона

Упатство:

Во мала, плитка чинија или друг соодветен сад, помешајте ги состојките додека да добиете хомогена смеса. Користете ја за да го исчистите лицето како што обично правите и ќе искусите неверојатни промени.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....