7.8 C
Скопје
07:35 - 20 април, 2024

Внимавајте на менталното здравје: Храна што ја зголемува анксиозноста

Современиот човек постојано е изложен на стрес поради здравствени, социјални или од економски причини. Сепак, според нутриционистите, постои и храна што дополнително може да ја влоши состојбата на анксиозност, да го зголеми чувството на депресија и да предизвика негативни мисли.
Имено, според експертите за храна, одредени намирници доколку се јадат во исклучително големи количини, можат да му направат огромна штета на вашето ментално здравје, па затоа колку што можете, обидете се да ги избегнувате.

Торти и колачиња

Едни од најопасните за јадење се тортите и колачињата што во својот состав содржат поголеми количества шеќер и кои можат да бидат главни „засилувачи“ на анксиозната состојба во која се наоѓате. Од јадењето блага храна, можат да се исклучат само чоколадите, кои во својот состав содржат над 70 отсто какао. Со јадење чоколади од ваков тип, но се разбира во мали количини, нема да си направите штета ниту по физичкото ниту по вашето ментално здравје, благодарение на какаото што го содржат, а кое важи за исклучително здраво.

Имено, големите количества внесен шеќер, можат да го покачат и шеќерот во крвта. Доколку се случи тоа, ќе почувствувате како вашата енергија се губи, а многу големи се шансите и да добиете напад на паника и комплетно расипување на расположението.

Тоа се должи на фактот што на организмот му е потребно многу поголема енергија не само за да го преработи шеќерот што сте го внеле во исхраната туку и да ги „преработи“ сите додадени адитиви со чија помош се постигнува вашите омилени торти, колачиња и ролати да имаат убав вкус, но и да траат подолго.

За да не се доведете во таква ситуација, нутриционистите предлагаат секогаш кога ќе ви се пријаде благо, да јадете храна во чиј состав има здрави јаглехидрати и да посветите внимание на вашиот појадок, кој пак треба да изобилува со белковини, кои ќе ја имаат моќта да ја одржуваат енергијата на телото во текот на целиот ден.

Антиоксиданси

Една неодамнешна студија, потврди дека доколку во телото има малку антиоксиданти, тоа би можело да виде голема причина за појава на анксиозност. Затоа, немојте да дозволите да ви се случи тоа. Секогаш при рака имајте овошје во чиј состав се концентрирани поголеми количества антиоксиданти, какви што се, на пример, боровинките, рибизлите, малинките, капините…

Кофеин

Оваа информација можеби ќе ги разочара љубителите на добрата голтка кафе, но според одредени научни студии, зголеменото ниво на кофеин, кој првично е концентриран во кафето, може комплетно да ви го наруши расположението, па дури и да ве доведе во состојба на анксиозност. Затоа, доколку сте љубител на кафе, никако не заборавајте веднаш, по секоја испиена шолја кафе, да се напиете најмалку 250 милилитри вода.

Омега-3 масни киселини

Според многумина, користењето на омега-3 масните киселини, можат многу да помогнат во намалувањето на анксиозноста и на депресијата, бидејќи откако ќе се внесат во организмот, тие можат многу брзо да стигнат до мозокот. Токму затоа треба често да јадете медитеранска храна. Токму овој вид исхрана, во својот состав содржи поголеми количества омега-3 масни киселини, па ја прави за исклучително добра. Во ваквиот вид исхрана се вклучени јаткастите плодови, семките и рибите.

Витамини од групата Б

Општопознато е дека витамините од групата Б се тесно поврзани со зачувувањето на менталното здравје. Доколку имате недостиг од витаминот Б6, вие ќе се чувствувате раздразливо, ќе имате несоница и ќе се чувствувате депресивно. Доколку ви недостига витамин Б5, може да ви се покачи крвниот притисок и да чувствувате силна главоболка, што ќе биде причина за расипување на расположението. Доколку не сакате да пиете таблети со витамини, јадете постојано цитрусни плодови како и жита и зелен и лиснат зеленчук.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....