12.8 C
Скопје
01:27 - 25 април, 2024

Вашето дете има коронавирус: Родители, ова се првите знаци дека треба веднаш да реагирате!

Unsplash

Експертите од медицинскиот центар „Џон Хопкинс“ од САД предупредуваат дека децата исто така можат да имаат потешки форми на коронавирус

Unsplash
Unsplash

Иако во повеќето случаи оваа болест се чини дека е поблага кај малите деца, важно е родителите да разберат дека децата исто така можат да бидат заразени со коронавирусот и може да го пренесат на други лица, Арон Милестон – педијатар во медицински центар Џон Хопкинс од Орлеанс, САД.

Според советите на експертите од медицинскиот центар „Џон Хопкинс“, родителите треба веднаш да побараат итна медицинска помош доколку ги забележат следниве знаци при влошување на состојбата предизвикана од коронавирусот:

– Тешкотии со дишењето или запирање на здив
– Неможност за задржување на течности
– Тешко будење
– Сини усни

Unsplash
Unsplash

Со цел да се спречи инфекцијата со вирусот, лекарите од овој медицински центар советуваат физичката оддалеченост на децата од возрасните, кои можат да бидат носители на коронавирусот, вклучувајќи ги и членовите на семејството кои имаат ризични контакти.

Ви ги посочуваме најважните совети поврзани со одржување на растојание:

Децата, како и возрасните треба да држат најмалку два метра растојание од луѓето надвор од нивното домаќинство.

Unsplash
Unsplash

Проверете дали децата имаат можност да ја одржуваат потребната физичка оддалеченост во дневната соба и во училиштето

Ограничете ја играта со другите деца и бидете сигурни дека вашето дете правилно носи маска.

Со убав разговор, без да се влее страв, вашето дете ќе може да ги прифати сите ваши совети за негово добро здравје и здравје на целото семејство.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....