13:22 - 19 април, 2024

За нежни и мазни раце, направете сами пилинг од маслиново масло и шеќер

Кожата на рацете има тенденција да стане груба со што го огрубува и изгледот на целите раце. За рацете секогаш да ви бидат убави и нежни, применувајте го следниов третман со едноставен пилинг направен дома, употребувајќи го два пати неделно.

Постапка

Ставете една до две лажици шеќер во раката, а потоа иста количина на маслиново масло. Состојките истријте ги меѓу дланките, за да се соединат, а потоа со кружно движење истријте ги целите раце.

По неколку минути, измијте ги рацете со млака вода, исушете ги и нанесете лосион или крем за раце.

Зошто овие две состојки? Маслиновото масло ѝ дава на кожата неопходна хидратација, а шеќерот ги отстранува мртвите клетки на кожата и нечистотиите.

Повторете го третманот двапати неделно или по потреба.

Слични објави

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Се вчитува....