4.8 C
Скопје
01:10 - 19 април, 2024

Шишањето коса во сопствена режија стана хит, еве ги најдобрите совети, а ако нешто „зезнете“ не грижете се – ќе порасне!

Во последно време, покај неизбежните совети за грижа на здравјето, се споменуваат и стилски совети, па додека некои фризери јасно на своите профили предупредуваат: не шишајте се сами дома!, сите не можат да се помират со таквото решение.

На Интерент пак, изгледа дека сепак стана вистински хит да се биде „сам свој мајстор“, а тоа важи и за потстрижувањето.

А, ако веќе решите да ги земете ножиците во рака и да си ја скратите косата, послушајте ги советите на стручњаците како сами дома да се потсрижете.

Софија Ел Алами од салонот Brian Graham искрено ги советува своите клиенти да не се шишаат сами дома, но таа смета дека сега е вистинско време да се научат некои фризерски и стилски трикчиња.

-Ако имате долага коса обидете се да ја исчешлате на другата страна, да ја промените позицијата на врзување на опавче, да употребите лак за коса, малку експериментирајте. Ова е идеално време да најдете некоја марама од својот плакар и да проверите како би можеле да ја носите ова лето заврзана околу косата. Поиграјте си и со сите модни додатоци кои ги имате дома, – предлага Софија.

Ако овие идеи на Софија ве одвратија од намерата сами да се шишате – супер, ако не – еве некои корисни совети од стилистот Тим Фостер.

Првиот чекор е да го припремите просторот кадешто планирате да се шишате. Земете стари крпи на кои вашата коса ќе паѓа во текот на шишањето за подоцна да си заштедите време за чистење. Потоа, за потфатот ви треба убаво огледало.

Втор чекор е да се нагрнете со нешто. Ако немате прикладна стара кабаница, обидете се со поголема пластична ќеса. Се што треба да направите е да направите отвор за главата на врвот.

И тогаш доаѓаме до вистинскиот детал – ножиците!

Ножици за шишање ретко кој има дома.

-Би било идеално да имате вистински ножици за шишање, но и остри ножици кои ги употребувате за обелка ќе послужат. Важно е само да не користиме ножички за нокти, советува Фостер.

Откако ќе си обезбедите и ножици, време е да одлучите што сакате да направите од својата коса. Социјалните мрежи и Јутјуб се полни со различни предлози и детални чекори за што подобро сами да се потстрижете. При тоа, Том Фостер предупредува да не брзате.

-Го имате целото време на светот и секогаш може да се вратите на тој прамен. Затоа подобро е да се биде внимателен отколку да се пресече премногу коса.

Шишање на врвовите

Ако сте одлучиле да ги потсрижете само врвовите, еве едно добро видео за вас, веќе прегледано од три милиони луѓе. Марјам нуди јасни совети и детални упатства за шишање на рамна коса со должина до рамениците. Едноставноста на оваа постапка ќе ве воодушеви.

Доколку имате виткана коса најдобри совети ќе добиете од Мел која го урива митот за тоа дека сами не можете да ја стилизирате својата коса. 

Всушност, најголем проблем би можеле да имаат оние со кратка коса. Кај нив, ако нешто тргне на лошо, најдобро ќе се забележи.

За овој начин на шишање ќе ви биде потреба електрична машинка, а во следново видео е претставен наједноставниот начин и доколку го примените не би требало да направите грешки. Исто така ќе откриете и трикче како сами да ја потсрижете и задната страна.

Слични објави

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Се вчитува....