6.8 C
Скопје
06:40 - 29 март, 2024

Пред да си легнете ставете парче фолија во замрзнувачот ако сакате да се разбудите свежи и без подочници

YouTube / Printscreen

Познатaта шминкерка Реми Гафни откри дека од алуминиумска фолија прави маска за лице, која ги брише трагите од замор и несоница наутро.

Подуеноста на кожата и подочниците не се пријатна глетка кога ќе се разбудите.

Сè што треба да направите е да земете неколку парчиња фолија, доволно голема за да го покриете целото лице. Потоа обликувајте ги така што ќе имате простор за вашите очи, уста и нос, а потоа прилагоденото парче фолија ставете го во замрзнувач 15 минути до еден час. Ако веќе знаете дека ќе ја користите оваа маска наутро, тогаш можете да заштедите време и секоја вечер пред да одите во кревет ставете ја маската во замрзнувач.

Наутро кога ќе станете, измијте се и извадете ја маската од замрзнувачот. Оставете ја три минути малку да се одмрзне,  потоа ставете ја на лицето. Обликувајте ја фолијата така што убаво да го покрие целото лице, а особено проблематичните делови (под очите и образите). Почекајте 15 минути, опуштете се и уживајте во освежувањето. Не само што отоците брзо ќе се намалат од студот туку и ќе се чувствувате будни како да сте веќе испиле две кафиња.

Реми објасни за страницата „Рафинерија 29“ дека оваа маска е најдобриот лек за мамурлак што некогаш го пробала, но дека е одлична и за луѓе кои не спиеле добро цела ноќ. Не само што ќе го намали отокот на лицето, туку исто така ќе го намали црвенилото, иритацијата, кожата ќе изгледа поцврсто и порите ќе се намалат.

Пред да си легнете ставете парче фолија во замрзнувачот ако сакате да се разбудите свежи без подочници!

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....