20.8 C
Скопје
17:08 - 16 април, 2024

Ефективни и брзи: Направете си сами маски за коса од јогурт

Ретки се личностите кои не обожаваат да пијат јогурт. Добар е за дигестивниот систем, за коските, за ноктите. Знаевте ли дека е одличен и за косата? Од него можат да се направат исклучителни природни маски за регенерација. Тој е добар за вашата коса поради тоа што содржи протеини. Протеините се клучни за исхраната на растот на вашата коса и нокти, како и за внатрешните органи. Кога внесувате доволно количество протеини, вашето тело автоматски ќе ги упатува за поддршка на органите.
Редовно пијте јогурт бидејќи позитивно влијае на растот и квалитетот на вашата коса.
Доколку не пиете јогурт можете да го користите директно на косата.

Јогуртот ја регенерира косата

Потребно:

4 лажици јогурт

2 лажици алое вера гел

2 лажици кокосово масло

Подготовка:

Измешајте ги состојките во чинија. Нанесете ги на косата, нека отстои еден час, и измијте ја со поблаг шампон.
Како помага?
Јогуртот има хидратантни својства и помага да се регенерира сувата и оштетена коса. На тој начин ја прави полесна за чешлање и фенирање.

Јогуртот го намалува опаѓањето на косата

Потребно:

Половина шолја јогурт

3 лажици мелено семе фенугрик

Подготовка:

Измешајте го јогуртот и семето фенугрик заедно, со четка нанесете го на косата. Нека отстои еден час, а потоа измијте ја со благ шампон.

Како помага?

Поради присуството на витаминот Б5 и Д, јогуртот помага во исхраната на влакната. Го спречува паѓањето на косата.

Јогуртот го отстранува првутот

Потребно:
Половина шолја јогурт

Подготовка:
Измасирајте ја косата со јогуртот. Нека отстои 20 минути, па измијте ја со благ шампон.
Како помага?

Една од главните причини за првутот се габите. Габичната инфекција може да предизвика лупење на кожата на главата. Јогуртот делува антигабично, помага да се отстрани првутот.

Маски за коса од јогурт и белка од јајце

Изматете една белка од јајце додека не стане пенаста, а потоа измешајте ја со 6 лажици обичен природен јогурт. Нанесете ја оваа мешавина на косата и оставете да отстои 15 минути. Потоа измијте ја маската од косата.

Јогурт и лимон за коса

За жените со посветла коса се препорачува мешање на две лажици сок од лимон со еден филџан јогурт. Нанесете ја оваа маска на коса и оставете ја да отстои половина час. После тоа измијте ја косата како што обично правите. Оваа мешавина ќе ги нагласи светлите тонови на вашата коса.

Маска за коса од јогурт и мед

Состојки:
две лажици природен јогурт
една лажица мед
¼ лажиче кокосово масло за слаба коса
половина лажиче кокосово масло за подебели влакна (за долга коса користете дупла доза)

Подготовка:
Доколку кокосовото масло е цврсто, стопете го, измешајте ги наведените состојки заедно. Нанесете ја маската на косата, од коренот кон краевите. Добро измасирајте ги корените од косата со оваа мешавина. Оставете да делува 20 минути, потоа измијте ја косата како и обично. Овој третман применувајте го еднаш неделно.

Маска за коса од јогурт, јајце, лимон и маслиново масло

Состојки:
Едно јајце (за посебно долга или густа коса, користете две јајца)
Еден филџан јогурт (за коса до рамена користете ¼ или половина филџан)
Еден исцеден лимон
Две лажички маслиново масло

Подготовка:
Прво, одвојте ги белките од жолчките во зависност од типот на косата. За масна коса користете само белки за овој рецепт, за сува коса, користете само жолчки. За нормална коса, користете цело јајце. Ставете го јајцето во чинија и изматете го. Додадете му јогурт и маслиново масло и добро измешајте. Додадете сок од еден лимон во смесата – тоа ќе ѝ го освежи сјајот на косата.
Мешавината што сте ја добиле измасирајте ја во кожата на главата и косата. Косата покријте ја со крпа, капа за капење или ќеса. Нека отстои 15 минути. Потоа темелно измијте ја со млака вода.

Слични објави

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Се вчитува....