23.8 C
Скопје
14:10 - 29 март, 2024

Три сценарија за короната во иднина: Ниту едно не предвидува дека вирусот ќе исчезне!

Научниците предвидуваат дека пандемијата на коронавирусот ќе трае уште 18 до 24 месеци и даваат три сценарија како во иднина вирусот би можел да се однесува. Сите три сценарија што ги нудат, предвидуваат пад на бројот на заболени, а потоа раст после летото, но ниту едно сценарио не предвидува дека вирусот ќе исчезне.

Прво сценарио: По овој бран следуваат повеќе помали

Најголемиот бран на заболени ќе се намали во текот на летото, а по летото ќе следат повеќе бранови на зараза, ама помали. И така година до две. Бројот на заболени во светот ќе варира со оглед на бројните фактори како што се преносители на вирусот, социјални контакти и слично.

Иако ова сценарио предвидува дека во текот на летото бројките ќе се намалат и така делумно ја потврдува теоријата дека коронавирусот е сезонски, биологот Марта Шокет од Универзитетот во Калифорнија истакнува дека топлото време нема толку лесно да го убие вирусот.

„Постои консензус меѓу научниците дека климата нема самостојно и успешно да го сузбие коронавирусот ова лето, бидејќи сè уште постои проблем на популацијата која е чувствителна на него“, вели Шокет.

Други научници истакнуваат и уште едена причина – начинот на пренесување на вирусот. Иако вруќината и влагата можат да го убијат на површините, и понатаму ќе има луѓе што ќе го пренесуваат со кашлање, кивање, па дури и со разговор.

Епидемиологот Марк Липстик претпоставува дека преносот на коронавирус ќе се намали за 20 проценти. Но тоа нема да биде доволно за вирусот да се запре, туку само да се успори.

Второ сценарио: По летото уште полоши бројки

Сегашниот бран ќе се намали во текот на летото, но наесен доаѓаат уште полоши бројки. Научниците ова предвидување го темелат на претходните пандемии, како што се пандемијата на шпански грип и свињскиот грип.

Според ова сценарио, човечкиот род наесен го очекуваат и две големи работи. Со оглед на тоа колку луѓе се заразени во првиот, сегашниот бран на пандемијата, ми можел да се појави колективен имунитет. Но епидемиологот Мајкл Остерхом вели дека вториот бран во целост ќе го урне здравствениот систем.

Цел свет би можел да го искуси она што му се случи на зравствениот систем во Италија, а мерките тогаш ќе станат построги отколку во претходните пет месеци.

Трето сценарио: Исти бранови на зараза во одредени периоди

Остерхолм тврди дека во третото сценарио короната „ќе избива во еден, па во друг град, а ние потоа ќе ја сузбиваме“. Односно, вирусот можеби веќе нема да биде толку раширен на глобално ниво, туку жариштата ќе се појавуваат локално.

Брановите што доаѓаат после овој ќе бидат помали отколку во второто сценарио и ќе бидат слични на моментниов бран. На популацијата ќе и треба подолго време за да стекне колективен имунитет, во некои градови или држави ќе биде подобро, во некои полошо, а тоа зависи од бројот на тестирања и следења на контактите со заразените луѓе.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....