5.8 C
Скопје
21:27 - 18 април, 2024

Три правила кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со грипот

Како и за која друга било респираторна инфекција, така и за грипот, за побрзо заздравување важно е да се почитуваат препораките кои се однесуваат за исхраната, престојот во тоалет и прочистувањето на дишните патишта.

Неодамнешно истражување објавено во магазинот „Science Immunology“, кое го направиле професорите Акико Ивсаки и Вишва Дипкст од Универзитетот Јејл, покажува дека за полесно надминување на тегобите предизвикани од грип, како и од други респираторни функции, важат три правила и тоа: Исхрана која изобилува со масти и протеини (кето диета), туширање со пожешка вода и прочистување на грлото и носот со солен раствор.

Кето диета

Исхраната која изобилува со масти и протеини или кето диетата, според американските научници, многу благородно делува на имунитетот. Овој тип на исхрана значи дека треба да се консумира што повеќе месо, риба, јајца, млечни производи, а што помалку јаглехидрати. Кето диетата има поволно влијание врз имунитетот, бидејќи го забрзува метаболизмот и помага организмот поефикасно да се избори со вирусот.

Туширање со врела вода

Туширањето во врела вода ги ослободува дишните патишта и ги ублажува болките во коските и мускулите. Секогаш кога ќе се испотите, истуширајте се со што е можно потопла вода, а пред тоа загрејте го тоалетот. Научниците тврдат дека ова не само што ги ублажува симптомите за грип, туку и го забрзува целиот процес на закрепнување, бидејќи на овој начин се зајакнува организмот.

Солен раствор

За да ги ослободите дишните патишта, како и болката во грлото, употребувајте триотстотен солен раствор. Оваа течност, која секој може да си ја подготви во домашни услови, делува антибактериски и спречува развивање на бактериски инфекции. Имунолозите сугерираат дека прочистувањето на грлото и носот со солен раствор може да го забави понатамошното пренесување на вирусот грип.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....