21.8 C
Скопје
14:11 - 28 март, 2024

СЗО: Коронавирусот мутирал откако почнал да се шири низ светот

Новиот коронавирус мутирал и неговата варијација доминира во светот кој, според истражувачките тимови од Америка и од Велика Британија, е три до шестпати позаразен од оригиналниот вид овој вирус со потекло од Кина.

Речиси 30 отсто примероци од геномот на вирусот причинител ковид-19 што ги собрала Светската здравствена организација (СЗО) имале знаци на мутација, но нема докази дека тоа довело до потешка форма на болеста, рече функционерката на таа организација.

– Мислам дека тоа е мошне распространето. СЗО собра 60.000 примероци на вируси досега – рекла Сомија Сваминатан, главен научник на СЗО, за „Ројтерс“ на маргините на конференцијата на Здружението на новинари на ОН (АКАНУ) во Женева, објави Хина.

Научниците од истражувачкиот центар „Скрипс“ овој месец откриле дека до април кај 65 отсто случаи на болести во светот станувало збор за мутираниот вирус.

Генетската мутација на новиот коронавирус, со ознака D614G, значително ја зголемува неговата способност да ги зарази клетките, па би можело да објасни зошто болеста во северна Италија и во Њујорк се ширела побрзо отколку порано во текот на пандемијата, оцениле во студијата.

Мутираниот вирус циркулирал во Европа и во Америка

Марија ван Керхов, епидемиолог од СЗО, рекла дека мутираниот сој на вирусот е идентификуван уште во февруари и кружел во Европа и во Америка.

– Засега нема докази дека тоа води кон потешка форма на болеста – рекла таа.

Лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рекол дека организацијата наскоро треба да ги добие резултатите од клиничките испитувања на лековите што би можеле да бидат ефикасни во лекувањето на ковид-19.

– Речиси 5.500 пациенти во 39 земји во моментов се вклучени во испитувањата – рекол тој, осврнувајќи се на клиничките испитувања што ги води агенцијата на ОН.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....