10.8 C
Скопје
08:24 - 29 март, 2024

Сфатете ја сериозно секоја промена во организмот: Ако чувствувате дека ви се менува гласот, веднаш посетете лекар

Колку порано се открие дека некој боледува од рак, толку подобро би се третирала болеста, а ако навреме се дијагностицира, во тој случај финалниот резултат би бил позитивен за пациентот

Телото на секој болен човек испраќа одредени „сигнали“ дека нешто не е во ред. Доколку умешно се следат и се препознаат ваквите симптоми и промени во организмот, може да се спречат дополнителни компликации, па дури и да се спаси животот на болниот.

Како и за сите болести, така и за најсмртоносната болест, ракот, без разлика кој дел или орган од телото е заболен, телото ќе ни сигнализира дека треба да размислиме што, всушност, се случува со нашето здравје и веднаш да се обратиме на лекар.
Веќе десетици години наназад ракот е еден од најголемите причинители за смрт и тоа во светски рамки. Токму затоа, колку порано се открие дека некој боледува од рак, толку подобро би се третирала болеста, а ако навреме се дијагностицира, во тој случај финалниот резултат би бил позитивен за пациентот.

За различните типови рак постојат различни симптоми, кои „предупредуваат“ за развој на опасната болест.

Обилно крвавење помеѓу циклусите

Ако никогаш претходно не сте се соочувале со проблеми поврзани со репродуктивните органи, сте имале редовни менструални циклуси и не толку обилна менструација и наеднаш се соочувате со остри болки во долниот дел од стомакот и грбот, како и обилно крвавење помеѓу редовниот циклус, веднаш обратете се на лекар и обидете се да ја откриете причината за тоа.

Најлошата можна варијанта е тоа да се всушност првите симптоми на појава на рак на матката.

Покрај тоа, невообичаениот исцедок исто така е еден од симптомите дека со матката на жената нешто не е во ред. Затоа доколку забележите промена во здравствената состојба, веднаш јавете се на лекар, бидејќи ваквиот исцедок може да укажува дека клетките се веќе развиени и немаат доволно кислород.

Тешко дишете?

Ракот на грлото важи за еден од најнезгодните тумори, бидејќи тешко се открива, а кога конечно ќе се дијагностицира, неговото лекување оди многу тешко.

Овој вид рак во последно време зема замав, а како последица на тоа се наведуваат загадувањето на воздухот како и пушењето цигари. За жал, оваа болест се открива многу доцна поради што смртноста од ова заболување е многу голема.

Симптомите што ги дава оваа болест можат да бидат најразлични кај секој човек. Како најчести симптоми се наведуваат болка во грлото и во градите како и отежнато дишење.

Според најновите истражувања, како прв симптом што може многу да помогне навремено да ја дијагностицирате оваа болест е промената на гласот. Токму затоа, доколку забележите дека тоа се случува кај вас, веднаш обратете се на лекар. Брзото дијагностицирање може буквално да ви го спаси животот.

Покрај промената на бојата на гласот, и јачината на изговорените зборови може да ви даде јасна слика за состојбата во која се наоѓа вашето грло.

Имате модрици, а не сте се удриле никаде

Доколку забележите појава на модринки по телото, а никаде не сте се удриле, размислете дали треба да се алармирате и веднаш да посетите лекар. Но пред да испаничите, убаво погледнете ја модрицата. Доколку целата нејзина површина е сина, во тој случај нема место за паника. Сепак, доколку по површината на модрицата има и жолтеникава нијанса, веднаш обратете се на лекар, бидејќи речиси со сигурност имате некоја болест на крвта или со нејзината непречена циркулација.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....