8.8 C
Скопје
09:25 - 19 април, 2024

Седум предупредувачки знаци на Алцхајмерова болест

Алцхајмеровата болест e болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65-годишна возраст и е одговорна за 60 отсто од дементните заболувања.

Кои се ризични фактори за Алцхајмерова болест?

Ризичните фактори за појава на болеста можат да се поделат на оние на кои не може да се влијае старост (како најважен ризичен фактор), пол (предоминација на женскиот пол), генетика (2,5-5 отсто од семејните форми) и на оние кои се подложни на контрола и промени (нерегулиран крвен притисок, дијабетес, високо ниво на маснотии во крвта, аритмија, дебелина или неухранетост, пушење, прекумерно консумирање алкохол, физичка неактивност, итн.

Алцхајмеровата болест е најчестата форма на деменција. Ги зафаќа деловите на мозокот што го контролираат памтењето, говорот, расудувањето, размислувањето и другите когнитивни функции.
Препознавање на болеста според карактеристичната клиничка слика

Предупредувачки знаци

Според Американскиот национален институт за стареење, постојат седум предупредувачки знаци на болеста:

– Повторување на едни исти прашања.

– Повторување на една иста приказна.

– Заболениот не знае да извршува одредени секојдневни активности, на пример, готвење, играње карти, ракување со далечински управувач.

– Заболениот не знае да раководи со пари, сметки, префрлања и сл.

– Заболениот не може да најде одредени предмети или ги сместува на невообичаени места и мисли дека други лица ги преместиле.

– Запоставување на сопствениот надворешен изглед.

– Болниот одговара на прашања со поставување на истото прашање што му е упатено нему.

Слични објави

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо
Се вчитува....