13.8 C
Скопје
17:27 - 25 април, 2024

Работи што мора дијабетичарите да ги прават за време на пандемијата

Шеќерната болест значи група на метаболички нарушувања чија основна карактеристика е хипергликемијата, односно зголемено ниво на гликоза/шеќер во крвта. Во лекувањето на дијабетесот, особено место заземаат едукацијата, самоследењето и самогрижата.

Важно е да разговарате со лекарот за планот за терапијата и за тоа на кој начин ќе комуницирате за време на изолацијата. Следењето на состојбата и текот на болеста е исклучително важно за вашиот имунолошки систем да може да функционира добро и да дејствува како заштита од можните зарази.

Ова се совети за сите лица што страдаат од дијабетес, потенцирани од д-р Брунилда Назарио, интернист и ендокринолог.

Следете ја состојбата почесто од вообичаеното: За време на стресните ситуации, состојбата може да се промени, па затоа е важно внимателно да следите што се случува во организмот.

Залиха на лекови: Замолете го вашиот лекар да ви напише рецепт за дополнителна доза лекови, за да ги имате доколку подоцна за тоа немате можности. Ако сте ризична група, замолете помлад член на семејството или соседот да оди по лековите наместо вас.

Останете во контакт: Опкружувањето во овие ситуации може да значи многу. Користете ги социјалните мрежи и редовно комуницирајте со семејството или со пријателите во текот на кризата.

Набавете намирници: Погрижите се дека имате доволно намирници во кујната, какви што е замрзнатото овошје и зеленчук. Добро измијте ги пред да ги користите затоа што на нив може да се наоѓа шеќер, што во никој случај не е добро за вашата состојба.

Не заборавајте на јаглехидратите: Имајте на дофат едноставни јаглехидрати како мед и џем, во случај да ви се потребни.

Бидете креативни со оброците: Никогаш не е доцна да експериментирате во кујната, а ова може да биде и вистинско време да го направите тоа.

Вежбајте секојдневно: Не е можно денес да ја следите рутината на одење во теретана или групно вежбање, но активноста не смеете да ја занемарувате затоа што тоа е еден од најдобрите начини за контрола на шеќерот во крвта. Најдете место во вашиот дом каде можете да вежбате, а денес постојат толку многу апликации што нудат помош при вежбањето, кои можете да ги искористите.

Спијте доволно: За да заспиете навреме и за да спиете добро, медитирајте и вежбајте позитивни мисли. Исклучете ги светлата и сите екрани пред одењето во кревет.

Останете информирани: Како што ситуацијата се менува од ден на ден, така постојано пристигнуваат и новите информации па останете вклучени во текот на настаните.

Задолжително еднаш дневно преку телефон јавувајте му се на вашето семејство или на соседите.

 

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....