22.8 C
Скопје
15:44 - 28 март, 2024

Психолозите тврдат: Ова се најчестите причини поради кои луѓето пијат!

Психолозите дефинираа четири видови на алкохоличари, односно четири главни мотиви поради кои луѓето пијат. 

Истражувањето е спроведено за да им се помогне на алкохоличарите во обидите за рехабилитација.

Според експертите, ова се четирите главни причини поради кои луѓето пијат:

1. Социјализација

Ова е најчестиот мотив за консумација на алкохол кај помладата популација. Младите пијат за да се забавуваат и да се опуштат пред друштвото.

2. Прилагодување

Во оваа група влегуваат луѓето кои ќе се напијат чашка шампањ за да наздрават или ќе држат чашка вино во рака за да се прилагодат на ситуацијата, односно за да не се чувствуват незгодно во околината која пие.

Сепак, овие луѓе обично не можат да се карактеризираат како алкохоличари.

3. Храброст

За разлика од социјализацијата, овој вид на алкохолизирање е многу поризичен. Луѓето кои пијат за да се охрабрат, односно за да си ја зголемат самодовербата во одредени ситуации, знаат да бидат и доста агресивни и импулсивни. 

4. Начин на кој се справуваат со стресот

Во оваа група на луѓе кои пијат за полесно да се справат со одредени стресни ситуации, најчесто влегуваат жените, посебно оние кои имаат лошо мислење за себе и недостаток на самодоверба, па се борат со анксиозност и депресија.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....