9.8 C
Скопје
09:40 - 19 април, 2024

Потполно природен ЕЛИКСИР за слабеење: Јачменова вода која ги топи килограмите

Освен што го поттикнува слабеењето и го зајакнува имунитетот, ова е стар народен лек против сите видови на воспаленија, а достапен е во секој период од годината.

Јачменот како житарка својата племенитост им ја должи на изобилството незаситени масни киселини, витамините А, Д, Е и поголемите количини на витаминот Б12, кој е инаку редок во растенијата. Богат е со минералите како калиум, магнезиум, цинк, железо, фосфор, кобалт, флуор и јод. Во јачменот се содржи и витаминот Б5, кој е клучен за создавање на еритроцити и полови хормони.

Јачменовата вода е вистински еликсир за здравјето и е одличен сојузник во слабеењето. Покрај тоа, овој напиток го забрзува метаболизмот на мастите и има моќ да го намали холестеролот и така позитивно влијае на кардиоваскуларното здравје.

Бидејки е од алкална природа, јачменовата вода е одлична за регулирање на варењето и помага при запек, хемороиди и гастритис. Овој напиток се препорачува и при случаи на дијареа, бидејќи ја одржува рамнотежата на цревната флора и придонесува да се надокнади изгубената течност. Јачменовата вода можете да ја додадете во салатите, варивата и барениот зеленчук.

СЕ ПОДГОТВУВА МНОГУ ЛЕСНО

Потребно ви е: 1 шолја исчистен јачмен, 1 литар ладна вода.

Подготовка: Измијте го јачменот, прелијте го со ладната вода и оставете го да отстои четири часа, па потоа процедете го. Јачменот прелијте го повторно со еден литар ладна вода и варете додека не зоврие. Намалете ја температурата, поклопете и варете околу 45 минути, односно додека не омекнат зрната. Оладете и процедете. Доколку вкусот не ви се допаѓа, додадете малку мед и лимон.

Доколку правите поголема количина, пропорционално зголемете ја количината на јачмен и вода, ставете ја во стаклени шишиња и чувајте ја во фрижидер до пет дена.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....