9.8 C
Скопје
08:20 - 20 април, 2024

Порака од докторка која може да ви го спаси животот – „Ви благодариме за аплаузот, но овие две важни работи не ги правите“

Арабиа Морете, докторка од најзагрозената итна служба во Њујорк во време на коронавирусот, порача дека докторите и сестрите знаат дека без оглед на оптимизмот на официјалните лица, болничките капацитети уште долго време ќе се полнат, а луѓето ќе умираат и нагласи дека поради тоа од аплаузот и донациите поважни им се две мали нешта на кои луѓето не мислат.

– Ја цениме сета љубов и поддршка кои ги добиваме од јавноста, аплаузот, донациите на маски и ракавици, бесплатната храна и радоста која ни ја приредувате. Тоа ни значи многу но поважно од тоа е да направите две важни работи со кои на вработените во болница, итната помош, но и на болните навистина би им помогнале – изјави докторката Морете.

Морете му порача на секој кој мора да донесе важна и тешка одлука својот ближен да го доведе во болница да напише кратка медицинска историја за заболениот, контакт со семејството и примарниот лекар на болниот.

– Напишете белешка, залепете ја на облеката или на телефонот. Ќе ни помогнете во моментите на притисок, драма и лудило кога итно ни се потребни основните информации или кога ни е важно итно да го контактираме семејството, изјави таа.

Таа додаде дека би било добро секој кој има стар таблет, а кој не му треба, да го донесе во болница, бидејќи така ќе им помогне на болните да бидат во врска со семејството.

– Доколку имате стар таблет кој не ви треба, размислете да го подарите на Итната служба. Можеби би се изненадиле кога би знаеле колку луѓе доаѓаат со мобилни телефони, а забораваат да понесат полнач, или пак донесете полнач, стари полначи кои не ви требаат. Резервниот таблет би ни помогнал да ги поврземе пациентите со нивното семејство во моментот кога тие се чувствуваат многу осамено, изјави докторката Морете, која како што вели ја нарекуваат народен лекар, а која работи во болниците во Бронкс и Бруклин.

Морете додаде дека сите се радуваат на изјавите дека Њујорк започува да ја „исправува кривата“.

– Да тоа е добра работа, но сите мораат да знаат дека и по врвот на графиконот ќе постојат подеми и падови, па луѓето се уште ќе умираат дури и кога кривата ќе биде рамна, изјави таа.

Таа додаде дека болничките одделенија за итни случаеви уште долго ќе се полнат преку капацитетите, а интензивните единици и понатака ќе бидат преоптеретени.

Докторката замоли граѓаните да бидат свесни за кризата, со цел да се спасат себе си и градот, да држат дистанца и редовно да ја одржуваат препорачаната дезинфекција.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....