14.8 C
Скопје
21:04 - 24 април, 2024

Пијалак со кој цел ден ќе бидете снабдени со магнезиум

Телото има потреба од магнезиум за да ги апсорбира и користи хранливите материи. Ако телото не добие магнезиум, тоа не може да ги користи мастите, протеините и јаглехидратите што ги внесуваме секој ден. Стотици ензими се активираат поради магнезиумот и единствено на овој начин организмот ги користи хранливите вредности на храната.

Како да препознаете недостаток на магнезиум?

Недостаток на магнезиум може да доведе до посериозни здравствени проблеми, како што се аритмија, ангина, висок холестерол и висок крвен притисок, како и зголемување на ризикот од срцев удар.

Симптоми на недостаток на магнезиум:

– абнормални и неправилни отчукувања на срцето
– замор и чувство на исцрпеност
– главоболки
– грчење на мускулите
– лошо расположение што доведува до депресија
– ѕвонење во ушите
– проблеми со бубрезите, односно појава на камења во бубрезите

Пијалак полн со магнезиум

Смудито е одличен и едноставен начин да внесете магнезиум во организмот, но и другите хранливи материи. Еве кои намирници се добри за овој пијалак.
Семките од лен се одличен извор на магнезиум, освен што имаа антивоспалително дејство, содржат омега-3 масни киселини, кои ја воспоставуваат хормоналната рамнотежа што е одговорна за расположението. Бадемовото млеко е исто така извор на магнезиум и витамин Д. Семките од тиква се добар избор, бидејќи нивните состојки ја смируваат нервозата и поттикнуваат добар сон.

Состојки:

• 25 гр семки од тиква
• 200 мл бадемово млеко
• 2 лажици семе од лен
• 1 портокал (или ½)

Подготовка:
Ставете ги семките од лен и од тиква во блендер, па додадете го портокалот. Додадете го млекото и мешајте околу 30 секунди. Оставете кратко за сè да се стегне и да се поврзе.
Пијалакот можете да го консумирате наутро и навечер.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....