10.8 C
Скопје
07:46 - 19 март, 2024

Ова лето јадете плодови со сина или со црвена боја

Различната боја на овошјето, ја одредува неговата нутритивна вредност. Токму затоа се препорачува да се јаде храна со различна боја.

Според стручњаците, иако во текот на целата година треба да се јаде храна со различна боја, сепак, како што во пролет се препорачува да се јаде храна во која доминира зелената боја, во текот на жешките летни месеци препорачливо е да се внесува сина и црвена храна.

Сина храна

Овошјето со сина боја има карактеристични витамини и минерали кои се типични само за овошјето со таа боја. Капините, боровинките, црното грозје и сливите, покрај тоа што изгледаат убаво, тие се и моќни сојузници на здравјето. Синото овошје содржи многу корисни растителни соединенија наречени полифеноли, кои се одговорни за бојата на овошјето, но и за многу здравствени придобивки.

Сините плодови се полни со полифенолни соединенија наречени антоцијанини. Токму резултатите направени околу влијанието на антоцијанините врз телото, покажале дека овие антиоксидантни пигменти можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2, па дури и некои видови рак.

1. Боровинки

Боровинките се богати со растителни влакна и содржат малку калории поради што се препорачуваат да ги јадат сите што се на диета. Тие содржат високо ниво на хранливи материи, како манган, витамин Ц и витамин К. Исто така, изобилуваат и со антоцијанини, кои помагаат да се заштити телото од оксидативен стрес и го подобруваат целокупното здравје. Редовното консумирање на боровинките богати со антиоксиданти, може многу да ви помогне во намалувањето на можноста од појава и развој на одредени хронични заболувања.

2. Слива

Откако ќе се исушат, сливите можат да бидат од голема корист за вашиот дигестивен систем. Сливите се полни со диетални влакна, кои можат да помогнат во олеснување на редовното празнење на цревата. Доколку изедете само 100 грама суви сливи на ден, ќе си ја обезбедите потребната количина растителни влакна за период од 24 часа.

4. Црно грозје

Изобилството на антиоксиданти во црното грозје може да помогне да ја зајакнете имунолошката функција на телото и здравјето на мозокот, како и да ги подобрите расположението и меморијата. За време на сезоната на ова овошје, можете да го јадете свежо или да го пиете како сок за да ги почувствувате сите негови здравствени придобивки.

5. Црна рибизла

Темносините бобинки кои се карактеризираат со горчливо-сладок-киселкаст вкус се полни со витамин Ц. Консумирањето само 100 грама црна рибизла во период од 24 часа, може да ви помогне во обезбедувањето на повеќе од двојно потребната дневна препорачана вредност на витамин Ц. Ова ја прави црната рибизла одлична во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Меѓу другото, витаминот Ц може да ја заштити вашата кожа од оксидативен стрес и да придонесе за раст на здрава, младешка кожа. Покрај тоа, витаминот Ц може да помогне во одржувањето на здравјето на коските и забите.

6. Капина

Во само 100 грама капини има околу осум грама влакна. Слично на боровинките, капините се богат извор на манган и на витамините Ц и К. Сите овие хранливи материи се неопходни за оптимален раст и развој на коските, а исто така имаат и функција во подобрувањето на згрутчувањето на крвта.

7. Аронија

Како еден од најпопуларните природни лекови против настинки и грип, аронијата е бобинка што служи за зајакнување на имунитетот. Поради многу остриот вкус, најдобро е да ја консумирате аронијата во форма на сирупи, џемови, чаеви или матичен млеч. Покрај тоа што содржи природно изобилство на антоцијанини, таа е особено богата со витамини Б6 и Ц.

Црвени плодови

Карактеристично за црвените плодови е што содржат ликопен, кој ја заштитува кожата и помага во одржување здрави епителни клетки.

Очигледниот избор на црвена храна е домати, црвени пиперки, јагоди, цреши, ’рдокви, црвен кромид, некои видови сливи, црвено јаболко, калинки, розов грејпфрут, лубеница, брусница, рибизли…

Црвената храна ја штити кожата до штетните влијанија на УВ-зраците. Бојата доаѓа од каротеноидот познат како ликопен, кој е антиоксидант што ги штити белите дробови, дебелото црево, хранопроводот, брадавиците и кожата. Кај мажите што редовно имаат црвени плодови во исхраната се забележани 30-40% намалени изгледи за рак на простата.

Според италијанските студии за нутриционизам, секој треба да изеде најмалку седум порции домати неделно за да го сведе на минимум ризикот од рак на некој од гастроинтестиналните органи. Со редовно јадење црвени плодови, кожата е помалку чувствителна на сончевите зраци. За да го почувствувате максималниот ефект од доматите, комбинирајте ги во салати зачинети со маслиново масло.

Како да вклучите повеќе црвени плодови во исхраната:

– Додавајте гоџи, брусница и јагоди во смути.

– Пијте најмалку една чаша сок од брусница во денот.

– Збогатете ја салатата со парчиња црвена пиперка, ’рдоква и црвен кромид.

– Направете салса од домати и црвени пиперки.

– Двапати неделно јадете супа од домати.

– Со скарата направете прилог од потпечени домати, пиперки и кромид, зачинет со маслиново масло.

– Јадете црвени јаболка.

– Користете сушено шумско овошје.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....