Откриени суперносителите: Кои се тие и како го шират смртоносниот коронавирус низ светот

Големите заразни болести сите не ги шират подеднакво. Во текот на последните две децении утврдено е дека постои нешто што се нарекува правило 20/80, односно дека отприлика секој петти заразен човек може да ја прошири заразата на многу повеќе други луѓе, отколку што тоа го прават останатите кои се заразени, пренесува Гардијан.

Дали постои суперпреносител на коронавирусот?

Изгледа дека постои. Еден Британец најверојатно така заразил со новиот вирус корона уште околу десет луѓе ширум Европа, а поради него итно биле тестирани стотина луѓе кои биле со него на летовите, во популарните скијачки центри, па и во неговиот локален паб.

Бизнисменот е во центарот на мрежата на случаи ширум Велика Британија, Франција и Шпанија, бидејќи веројатно го добил вирусот корона во текот на четиридневното патување во Сингапур на конференцијата на компанијата за анализа на гас „Сервомекс“.

Мажот во педесеттите години потоа тргнал од Југоисточна Азија на Алпите за да оди на скијање во Контамин Монжо кон крајот на јануари, каде што уште пет Британци, вклучувајќи и деветгодишно момче биле заразени и покрај тоа што неименуваниот Британец суперносител тогаш не покажувал ниту еден симптом налик на грип.

Британските здравствени власти исто така контактирале со 183 патници и шест членови на екипажот на летот на „Изиџет“, со кој овој Британец летал од Женева во Лондон, предупредувајќи ги дека би можеле да бидат заразени со новиот вирус.

Се чини дека вирусот преку оние кои ги заразил во Франција стигнал и до Шпанија. Шпанските власти во неделата соопштија дека еден Британец е заразен на Мајорка откако стапил во контакт со заразено лице од Франција.

Како лицето станува суперпреносител?

Постојат низа теории за ова, но дефинитивен одговор нема. Некои претпоставуваат дека дали некој ќе биде суперпреносител или не има врска со имунолошкиот систем, што можеби не е добро во сузбивање на вирусот, а можно е таквите лица воопшто да не ги чувствуваат симптомите подолго време, па затоа продолжуваат на другите да им го пренесуваат вирусот.

Но веројатно е дека постојат и повеќе фактори, како на пример тоа лице веднаш да добие поголема доза вируси или да биде заразена со повеќе од еден патоген. Една работа е сигурна – невозможно е да се знае кој ќе биде суперносител, а кој нема да биде, пишува Гардијан.

Дали ова се случува и со другите заразни болести?

Суперносителите се документирани уште во раните 1900-ти, кога една жена, позната како Мери тифусарката, инфицирала 51 лице со тифус, иако самата немала симптоми на болеста. Во поново време еден ученик од средно училиште во Финска заразил дури 22 лица со морбили во 1998 година, иако осуммина од нив биле вакцинирани.

Се смета дека две лица заразиле 50 други со ебола во Демократската Република Конго во 1995 година. Во епидемијата на Сарс во 2002-2003 година, повеќето луѓе не биле многу заразни, но се чини дека неколку суперпреносители во Сингапур го пренеле вирусот на по десетина други луѓе.

 

Слични објави

Затоа е ГОЛЕМ: На Раде Шербеџија не му е проблем да чека во ред како и сите останати луѓе!

Васко Спасоски

Погледнете го ова ремек-дело од видеоспот: „Ана“ ги оживеа восочните фигури на „Суперхикс“ (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Овие хороскопски знаци ќе имаат најубав Ден на вљубените

Еспресо

Белите дробови на пушачите се полни со отрови: Исфрлете ги токсините со помош на овој егзотичен зачин

Igor

Лозано: Да не се разбереме погрешно, не сум на ничија страна! (ВИДЕО)

Еспресо

Ја нарекуваат Хулк во сукња: Еве зошто Наталија посакала токму вака да изгледа! (ФОТО)

Еспресо

Остави Коментар

оне × 5 =

Слични објави

Скандал пред изборот за песна за Евровизија во Србија: Европа на нозе поради српската пејачка, не престануваат да ја напаѓаат

Еспресо

Амбер Херд призна дека физички го нападнала Џони Деп: Се лутам кога губам!

Еспресо

Плејбој зајчицата ја честита Новата година во свој стил (ФОТО)

Слободен Печат

Вељко тајно ја снимаше Цеца во автомобилот: Во еден момент гласно и викна, но погледнете ја нејзината реакција! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Кејт Мидлтон едвај ја задржа сукњата на себе: Во последна минута избегна катастрофа! (ФОТО)

Еспресо

Легендарната актерка го прослави 79 роденден, но ќе се шокирате како изгледа денес!

Васко Спасоски