13.8 C
Скопје
12:53 - 25 април, 2024

Не можете да заспиете? Дознајте го најефикасниот метод за овој проблем!

Многу фрустрирачки е да легнете во кревет, да зјапате во таванот и да не можете да заспиете. Ова му се случило и на Јутјуберот Мајк Шејк кој пробал голем број методи за полесно да заспие.

На крајот сфатил дека мора да направи две работи: да ги прилагоди своите секојдневни навики и да користи специфични техники навечер.

Вежбал преку ден за да се умори. Тој избегнувал каква било форма на кофеин осум часа пред спиење и го поминувал времето престојувајќи на дневна светлина за да го регулира деноноќниот ритам и да ја намали изложеноста на синкавата светлина што ја емитираат екраните на компјутерите и мобилните телефони.

Вечерта се туширал или се бањал во топла вода, а потоа ја спуштал температурата во спалната соба.

„Примената на овие практики беше многу едноставна и тие навики ми помогнаа да се чувствувам позаморен и поспан ноќе“, рекол јутјуберот.

Вечерта, тој практикувал два методи за побрзо заспивање и од сопственото искуство видел дека тоа му помага.

Воен метод
„Тоа е техника за релаксирање на секој дел од телото. Длабоко вдишете и фокусирајте се на сите мускули на лицето, вклучувајќи ги и устата и јазикот. Стиснете ги мускулите на лицето, а потоа опуштете ги додека издишувате“, објасни тој.

Метод 4-7-8
Ова е всушност вежба за дишење која се состои од 4 секунди вдишување, 7 секунди задржување и 8 секунди издишување.

„Продолжив да го користам воениот метод, бидејќи заклучив дека тоа е најефективниот и најбрзиот начин да заспијам“, додал.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....