Навики кои ги уништуваат клетките на нашиот мозок: Престанете со внесување премногу шеќер во организамот!

Здравјето треба да ни биде на прво место, но често го занемаруваме поради други обврски и поради нездравиот стил на живот.

Сите ние понекогаш сакаме да го исклучиме својот мозок и да се опуштиме со неколку чаши вино, неколку часа сон или гледање телевизија. Сепак, одредени избори во животот можат да му наштетат на мозокот дури и кога не гледаме поврзаност меѓу тие две работи.

Животните навики кои ги намалуваат потребните хранливи состојки или брзо ги уништуваат клетките на мозокот не водат кон ризик од ментално пореметување како што се депресија или анксиозност, како и Алцхајмерова болест, мозочен удар, епилепсија, па дури и карцином.

Прескокнување појадок

Постои причина поради која појадокот е најважен оброк во текот на денот. Прескокнувањето појадок доведува до намалено ниво на шеќерот во крвта, што е многу штетно за мозокот, особено ако тоа често го правите.

Вашиот мозок троши повеќе енергија од кој било друг орган и зема и до 20% од вкупната гликоза во телото дневно. Околу две третини од енергијата со која располага мозокот се користат како помош на невроните за да ги пренесат сигналите до останатите делови на телото.

Преостанатата третина е наменета за одржување на клетките. Редовното скратување на храната на вашиот мозок предизвикува намалување на енергетските резерви. Вашите мозочни клетки нема да добијат нега која им е потребна за да бидат здрави и ќе изумираат многу брзо.

Недостаток на сон

Најверојатно не ви е непознат фактот кога имате недостаток од сон. Се чувствувате омалаксано и заборавени следниот ден. Причината е што недостатокот на сон ја одзема способноста на вашите неврони да функционираат како што треба.

Тоа доведува до ментални пропусти кои можат да влијаат на вашата работа и на вашите врски.

Уште повеќе вашата способност за слушање и рефлексите се намалени што ја зголемува можноста да доживеете сериозна несреќа. Следниот пат кога ќе помислите дека имате премногу обврски за да спиете доволно, имајте предвид дека сè додека не го ставите спиењето во прв план, нема да можете да функционирате најдобро. Одвојте квалитетно време да се наспиете и повеќе работа ќе завршите за кратко време следниот ден.

Прејадување

Истражувањата покажуваат изненадувачка поврзаност помеѓу дебелеењето и деменцијата. Причините се нејасни, но истражувачите се сомневаат во тоа дека дебелеењето доаѓа кога храната што ја јадеме не содржи доволно хранливи состојки. Ова доведува до прејадување за да ја задоволиме потребата на телото од витамини и минерали. Дури и ако јадете многу и понатаму можете да го изгладнувате мозокот.

Според одредени податоци, можеме да видиме дека во 2015 година бројот на пациенти кај кои е дијагностицирана деменција, бил скоро 45 милиони. Тоа е двапати повеќе отколку во 1990 година. Во исто време, дебелеењето на ниво на нација во САД скокнало од 11,1% на 30,6%.
Слична е ситуацијата и во Европа. Потребни се повеќе испитувања за да се потврди врската помеѓу дебелеењето и деменцијата, но јасно е дека одредена поврзаност постои.

Пушење

Многу истражувања се направени кога е во прашање штетноста на цигарите по нашето здравје, така што оваа врска ни е јасна. Пушењето ги оштетува клеточните мембрани и нервните способности во деловите на мозокот одговорни за рамнотежа, координација и моторна способност. Исто така, го разградува кортексот во кој се одвиваат процесите кои вклучуваат меморија, јазик и перцепција.
Откажувањето од цигарите е важно за општото здравје и му помага на мозокот. Меѓутоа одредена штета е веќе направена. Истражувачите согледале дека откажувањето од цигарите помага во враќањето на одредена дебелина на кортексот. Но, и поранешните пушачи, кои некогаш многу пушеле, а потоа не запалиле ни цигара повеќе од 25 години, сепак имаат потенок кортекс, отколку оние што никогаш не пушеле.

Дехидрирање

Нашите тела содржат 70% вода, така што дехидрирањето може да биде критично за сите функции на нашето тело, вклучувајќи ја и мозочната функција. Влијанието на дехидрирањето на мозокот се случува многу често, а истражувачите утврдиле дека само два часа напорни вежби, без вода, можат да предизвикаат паѓање на когнитивните способности.

Дехидрирањето најмногу влијае на функциите како што се, комплексни проблеми, координирање и внимание.

Не морате да се оптоварувате со тоа дека треба да земате одредени количини течности секој ден, но би требало константно да внесувате вода, во мали количини. Бидејќи кога ќе забележите дека сте жедни, вие сте веќе дехидрирани.

Премногу шеќери

На нашето тело, посебно на мозокот, му е потребен шеќер за да може да функционира. Но, современата исхрана исклучува премногу шеќер. Кога редовно јадете премногу шеќери, вашите клетки, вклучувајќи ги и клетките на мозокот, се наоѓаат во ситуација на хронично воспаление.
Тоа влијае на можноста вашето тело да користи важни состојки од исхраната и така му го оневозможува на мозокот она што му е потребно.

Стрес

Хроничниот стрес може да има негативно влијание на телото. Стресот во одредени ситуации е навистина добар, бидејќи го подготвува телото да се бори, да бега или да се соочи со опасноста. Меѓутоа, кога вашиот начин на живот вклучува хроничен стрес, хормонот кортизол се наталожува во мозокот и предизвикува поголема штета.

Тоа не само што може да ги уништи клетките на мозокот, туку и предизвикува „собирање“ на мозокот. Кога тоа „собирање“ ќе го погоди префронталниот кортекс, вашата способност да учите и помните е помала.
Овие факти претставуваат императив да пронајдете начин да се опуштите пред да биде доцна.

 

Слични објави

Појадок за слабеење: Намирница со која се губат двојно повеќе килограми

Igor

Вистината за стапчињата за уши

Еспресо

Најважните мерки на претпазливост: Колку е безбедно сега да се пазарува во продавниците

Еспресо

Во кои намирници има најмногу железо?

Слободен печат

Можат ли вотката и ракијата да помогнат во дезинфекција на рацете и површините?

Еспресо

Теретаната, најдобар сојузник во борбата против депресијата

Igor

Остави Коментар

16 + оне =

Слични објави

Домашен лек за правилна работа на штитната жлезда

Igor

Лекови од домашната аптека: Ѓумбир против мачнини, модри сливи против запек

Слободен печат

Напиток кој ослободува од надуеност

Igor

Народен лек против кашлица, бронхит и ларингит

Igor

Осамнаа првите фотографии од патниците што се под карантин на крузерот „Дајмонд принцес“

Еспресо

Вистината за стапчињата за уши

Еспресо