22.8 C
Скопје
15:57 - 28 март, 2024

Најбараниот и најскап зачин во светот има бројни лековити својства и вреди за секоја пара

Овој зачин е најскап, но со вистинска причина…

Шафранот е најбаран и најскап зачин во светот, тој воедно е познат и како „црвено злато“.

Килограм од најквалитетниот шафран чини околу 3.000 долари, а причините за тоа се многубројни. Шафранот расте во специфични услови и цвета само една недела во годината. Најдобро расте на сонце и на суво, но богато тло. Се бере само во одредено време, а за половина килограм од овој зачин потребни се околу 80.000 цветови од билката. На високата цена на овој зачин влијае и тоа што сè се работи рачно – од жетвата до сушењето.

Најпопуларен е шафранот од Индија, Иран и Шпанија, а луѓето ширум светот се подготвени да одвојат пари за овој скапоцен зачин поради неговите лековити својства. Старите Грци, Кинезите и Индијците го користеле овој зачин за се – од парфем до лекови.

Истражувањата покажаа дека шафранот, меѓу останатото, може да го подобри расположението, да ги намали симптомите на ПМС и да помогне во слабеењето.

Американските психијатри тврдат дека шафранот е природен антидепресив, бидејќи нема несакани споредни ефекти. Освен тоа, бројни студии покажаа дека шафранот ја намалува анксиозноста и депресијата.

Шафранот има интензивен мирис и малку горчлив вкус. Во продажба може да се најде во мали количини, во облик на сушени влакна или мелен. Најчесто се користи во подготовката на слатки и јадењата со ориз.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....