14.8 C
Скопје
16:04 - 25 април, 2024

Ковид-19 слабее, но е поопасен за поединци

Пушачите се во опасност од коронавирусот, накратко би можело да гласи предупредувањето на експертите, но и на пулмолозите.

Сите се опуштивме по укинувањето на вонредната состојба, но вирусот е меѓу нас и треба да ги почитуваме превентивните мерки за заштита од него.

Многумина од луѓето се пушачи и се во поголем ризик да се заразат од потежок облик на болеста ковид-19, на што предупредуваат последните истражувања во Кина, Јужна Кореја и во САД, кои велат дека актуелните пушачи, но и поранешни пушачи, корисниците на електронски цигари, имаат двојно поголем ризик да заболат од потежок облик на ковид-19 за разлика од непушачите.

– Пушењето е поврзано со значително поголем ризик од напредување на самата инфекција – изјавил професорот по медицина Стентон Гланц, пренесува Си-ен-ен.

Истражувањата што биле објавени во Кина, Јужна Кореја и во САД, покажуваат дека околу 30 отсто од пациентите што биле пушачи развиле потежок облик на болеста, во споредба со 17,6 отсто од непушачите.

Според зборовите на пулмолозите, кога вирусот веќе се наоѓа во нашите бели дробови, пушењето влијае лошо врз создавање на природната слуз, а потоа во тие органи се појавува густа леплива слуз, која ја оневозможува нивната работа.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....