13.8 C
Скопје
17:49 - 23 април, 2024

Кои намирници треба да се внесуваат во организмот за превенција и лекување на дебелината

Децата кои масовно консумираат намирници богати со масти и шеќери, се навикнуваат на нив и растат во дебели луѓе, кои се подложни на многу болести, вклучувајќи ги и гастроинтестиналните и кардиоваскуларните нарушувања. Нутриционистката Тања Турунџиева советува кои намирници треба да се внесуваат во организмот за превенција и лекување на дебелината.

Намирници со диуретички дејства – овие намирници го олеснуваат излачувањето на течности и натриум кои се насобрани во ткивата и придонесуваат за намалување на телесната тежина. Лековите диуретици не се препорачуваат поради непосакуваните дејства;

Блитва – дава чувство на ситост, а содржи малку калории (19 kcal/100 g). Делува како прочистувач (отстранува токсини од крвта), диуретик и лаксатив. Сите тие дејства ја прават блитвата одлична храна за намалување на телесната тежина и за подобрување на општата здравствена состојба;

Алги – содржат растителна слуз, кој ја зголемува тежината на алгата во вода. Тие го зголемуваат својот волумен во желудникот, што дава чувство на ситост и го намалуваат апетитот. Исто така, го поттикнуваат создавањето на хормон на тироидната жлезда затоа што содржат јод, а влијаат и на забрзувањето на метаболизмот на јаглехидратите. Но, алгите се забранети при одредени нарушувања на тироидната жлезда, така што внимателно со нив!

Ананас – консумирањето ананас или неговиот сок пред оброк го намалува апетитот. Делува и како благ диуретик, одличен е и за намалување на телесната тежина. Не се консумира кај трудници, бидејќи заради бромалинот во него, предизвикува контракции и спонтани абортуси;

Сладок компир – е богат со лесно сварливи јаглехидрати (скроб и сахароза), како и бета-каротен. Корисен е за намалување на телесната тежина затоа што дава чувство на ситост и го намалува апетитот. Хранлив е, а содржи релативно малку калории: 150 kcal/100 г ;

Брокула – содржи мошне малку калории и шеќери, а изобилува со провитамин А, витамин Ц, минерали и антиканцерогени фитохемикалии. Дава чувство на ситост, иако содржи малку калории, па може да се јаде и во големи количини. Многу е поволно за вегетаријанците;

Тиквичка – содржи малку натриум, масти и калории, додека од друга страна, обезбедува одредена количина на витамини и минерални соли. Делува како диуретик и го смирува дигестивниот тракт. Може да се јаде како варена или печена, а не се препорачува пржена, затоа што впива доста масло;

Вишна – треба да се јаде полека, една по една, за да создаде чувство на ситост. Практично не содржи ниту масти, ниту натриум. Една рака вишни може да замени една чинија храна, со што значително се намалува внесувањето на калории. Вишните имаат диуретичко дејство и ја прочистуваат крвта;

Печурка – даваат чувство на ситост иако содржат мошне малку калории. Корисни се за дебелите луѓе, особено за дијабетичарите, затоа што ја намалуваат потребата за инсулин;

Тропско јаболко – и покрај високата содржина на јаглехидрати, тропското јаболко е корисно за намалување на телесната тежина, затоа што дава чувство на ситост. Поради специфичните хранливи состојки има ревитализирачко дејство;

Свежа зелка – благодарение на влакната дава чувство на ситост. Освен тоа, изобилува со фитохемикалии кои штитат од карцином, а содржи мошне малку калории;

Аспарагус – богат е со протеини, а сиромашен со калории. Содржи и доста влакна кои го продолжуваат чувството на ситост;

Спирулина – оваа алга практично не содржи калории, а богата е со протеини, витамини и железо. Се користи како додаток при диетална исхрана, но не е препорачлива за секого;

Зелена салата – заситува, има благо смирувачко дејство што е важно за оние кои држат диета. Обезбедува витамини и минерали, а содржи мошне малку калории;

Праска – дава чувство на ситост, што е значајно за намалување на апетитот. Содржи мошне малку калории и го олеснува исфрлањето на штетните материи;

Репка – се препорачува за намалување на телесната тежина затоа што е многу хранлива, лесно се вари, содржи многу малку масти и калории;

Краставица – богата е со минерали, а содржи малку калории и е идеална во случај на дебелина;

Пиперка – слатката пиперка содржи мошне малку јаглехидрати и калории, изобилува со провитамин А и витамин Ц;

Грејпфрут – ја детоксифицира крвта, поради што и влегува во составот на многу диети. Не ги согорува масните наслаги, меѓутоа, не се препорачува кај луѓе што земаат терапија.

Диетите од интернет можат да доведат до колапс на имунолошкиот систем

Умереното консумирање на споменатите намирници значително придонесува за спречување на дебелеењето. Доколку постои проблем со вишок килограми, треба да се преземат навремени мерки, за да се реши реалниот проблем. Секогаш дебелината се решава со индивидуален пристап на режим на исхрана. Иако се напоменати во текстот, намирниците кои потпомагаат за симнување на килограмите, сами по себе не се доволни за да се постигне саканиот ефект.

Еднаш проблем со килограми, значи цел живот проблем со килограми. Унифицираните диети, диетите од интернет, селектирањето храна, избегнувањето на одредени здрави нутритиви, како и изгладнувањето, можат да доведат до дисбалансираност не метаболизмот и колапс на имунолошкиот систем. Пред што било да преземеме за намалување на килограмите, треба да се направат подетални испитувања и иследувања. Кога ќе знаеме што сè му е потребно на нашиот организам, ќе пристапиме кон промена на начинот на исхрана. Со гладување не се решаваат килограмите. Со неадекватни калории не се решаваат килограмите. Само со здрав и правилен режим на исхрана и умерена физичка активност се постигнува саканиот ефект.

Ако имате вишок килограми, со промената не почнувајте од „секој понеделник“ или од „секој први во месецот“ или „среда, како среќен ден“, туку сторете го тоа веднаш! Со здрава и правилна исхрана – до победа на вишокот килограми.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....