Кога е безбедно да бидете во близина на лице што закрепнало од ковид-19

Пред да одлучат да излезат меѓу луѓе да се дружат, има три критериуми што мора да ги исполнат.

Бидејќи коронавирусот продолжува да се шири немилосрдно низ целиот свет, големи се шансите да познавате барем едно лице кое било заразено. Прашањето е кога е безбедно да престојувате во нивна близина?

Да се потсетиме: Вирусот се шири преку капки меѓу луѓето, што значи кивање, кашлање, па дури и пеење и гласно зборување. Лицето кое се заразило, најверојатно, ќе развие симптоми во рок од 11 дена, а во зависност од тежината на болеста, потребни се неколку недели за да закрепне. Кај најтешките случаи, забележано е траење на закрепнувањето и до шест недели.

Според пишувањето на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, да се знае кога е безбедно да се биде во близина на лице кое закрепнало од болеста зависи од целосните симптоми, особено од нивниот недостаток.

Според стручњаците, критериумите за завршување на изолацијата се:

– Поминале најмалку 14 дена од првиот ден на болеста.

– Најмалку три последователни дена, пациентот бил афебрилен без употреба на антипиретици.

– Има значајно подобрување на респираторните и другите симптоми на ковид-19.

Важно е да се запамети дека луѓето што закрепнале, може да задржат одредени симптоми како што се замор или главоболка, наведуваат инфектолозите и додаваат дека тоа не значи дека тие сепак можат да ве заразат. На некои луѓе им е потребно малку повеќе време за целосно закрепнување.

Ако некоја личност била позитивна, но немала никакви симптоми, таа може да излезе меѓу луѓе после 10 дена. Но, оние со послаб имунолошки систем треба да останат дома повеќе од 10 дена.

Без разлика дали постоеле симптоми или не, луѓето кои прележале ковид-19 можат повторно да се тестираат за да видат дали сѐ уште се носители на вирусот, ако е можно да се стори тоа. Ако двата теста се негативни, а се направени во растојание од 24 часа, тие слободно можат да се дружат со пријателите.

Оние што биле во близок контакт со личност која била заразена, би требало да останат дома 14 дена, советуваат експертите, бидејќи речиси толку е потребно за да се појават симптоми. Запомнете дека е потребно да носите и маски секогаш кога можете и да се дистанцирате во ситуации кога сте опкружени со луѓе. Експертите предупредуваат дека фактот дека сте оздравеле од болеста не ви дава право да ги игнорирате препораките на епидемиолозите.

Епидемиолозите додаваат: „Важно е сите ние – вклучително и оние што закрепнале од вирусот – да ги практикуваме заштитни мерки за да го спречиме ширењето на вирусот“.

Кога некој конечно ќе закрепне од болеста и посака да биде меѓу луѓе, важно е да процени колку пријатно се чувствува во такво опкружување, но и како вие се чувствувате во негова близина. Добра е идејата да поразговарате за тоа.

 

Слични објави

Елегантно и деловно, но шик: Оливија Палермо го освои Бруклин во маслинеста комбинација! (ФОТО)

Еспресо

Роден е Дејвид Гилмор, „Битлси“ го објавија синглот „Let it be“ и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Еспресо

Како вереничкиот прстен кој беше наменет за Меган Маркл се најде на раката на Кејт Мидлтон?

Еспресо

Елена Велевска со кратки пижами и поза од која нема да ви биде сеедно! (ФОТО)

Васко Спасоски

Денот кога исчезнаа врапчињата: Фатални последици од Кампањата против четирите штетници на Мао Це Тунг (ВИДЕО)

Еспресо

Холивудските медиуми „горат“: Се оженил Леонардо Дикаприо?!

Михаило Донев

Остави Коментар

19 − 8 =

Слични објави

Карди Би ги изненади фановите: Да, ова е мојата природна коса (ФОТО+ВИДЕО)

Еспресо

Симон Трчевски ни испрати порака и запеа песна од Тоше Проески (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Меган и Хари се збогуваа со фановите: Од утре се затвора инстаграм-профилот на Сасекс Ројал

Еспресо

„Викнете доктор“: Нивес Целзиус ги сликаше градите од птичја перспектива (ФОТО)

Васко Спасоски

Хуманоста во прв план: Иако имаат милиони, овие ѕвезди обожаваат да им помагаат на другите

Еспресо

Центарот за Социјални работи поднесе кривична пријава против Северина!

Васко Спасоски