12.8 C
Скопје
10:52 - 25 април, 2024

Како Ковид-19 влијае на животната средина и загадувањето? (ВИДЕО)

Тешко е да се замисли дека во текот на растечката пандемија постои една светла точка. Меѓутоа, бидејќи нашите животи „подзастанаа“, реките и небото го искористуваат присуството на болеста кое го запре човештвото за да се опорават од човечкото влијание.

Маршал Бурк, економист за животна средина на Универзитетот „Стенфорд“, на 8 март направил пресметка за падот на загадувањето на воздухот во делови од Кина.

Според Бурк, голема е веројатноста во Кина, животите спасени на локално ниво, да ги надминат смртните случаи од Ковид-19.

Според него, двомесечното намалување на загадувањето веројатно спасило животи на 4.000 деца помали од пет години и 73.000 луѓе над 70-годишна возраст.

Во Вухан локалното население е воодушевено што повторно го гледа синото небо, бидејќи нивниот град 90% од времето е прекриен со смог.

Откако и во Италија беше воведен карантин, сателитските податоци над Северна Италија покажаа голем пад на загадувањето на воздухот – конкретно азотниот диоксид што главно се испушта од автомобили, камиони и фабрики.

Податоците што ги добила Европската вселенска агенција со помош на сателитот „Коперникус Сентинел-5П“, покажале дека изолацијата и карантинот довеле до остар пад на азот диоксид.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....