5.8 C
Скопје
01:34 - 26 април, 2024

Како да се справите со отекувањето на нозете

Високите температури влијаат на отекувањето на нозете, особено на стапалата.

Со зголемувањето на температурите во телото се прошируваат вените со цел да се разлади телото, а тоа овозможува течностите да дојдат до околното ткиво, што влијае на отекувањето.

Отекувањето најчесто се појавува на нозете бидејќи крвта во крвните садови од екстремитетите потешко се враќа кон срцето. Долготрајното седење или стоење исто така влијае на потекувањето на нозете.
Во текот на топлите денови треба да се внесуваат доволно течности бидејќи дехидрацијата е уште една причина за потекување на нозете.

Исто така, и следниве предлози се покажале како ефикасни за намалување на отекувањето на нозете.
– масажа на стапалата
– редовна физичка активност
– носење компресивни чорапи
– гелови и креми за вени
– намалување на внесот на сол
– внесување храна богата со калиум (сладок компир, грав, банани, лосос, фстаци, пилешко
– внесување храна богата со магнезиум (бадем, спанаќ, темно чоколадо, брокули)
– подигнување на нозете над телото за да се подобри циркулацијата.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....