7.8 C
Скопје
07:03 - 29 март, 2024

Како да се справите со исцрпеноста кога вашето дете едноставно не ви дозволува да се наспиете?

unsplash

Дали вашето дете се наоѓа во фаза кога преминува од бебешко креветче во поголем кревет? Или имате повеќе деца – едното се бори со „ноќни терори“, кое го буди второто, а третото е, новороденче? Или поради пандемијата и разбиените рутини, сите во вашето семејство се под стрес и спијат помалку?

Без оглед на вашата ситуација, веројатно сте ги испробале сите совети што некој ви ги дал, но, вие едноставно сè уште сте исцрпени. Можеби дури се чувствувате фрустрирани, а можеби дури и малку беспомошно и безнадежно, не сте сами во ова!

Спиењето е основна човечка потреба“, вели Лорен Хартс, психотерапевт и мајка на две деца.

Таа знае од прва рака како е да се издржи напорен ден со многу малку сон. Без оглед на вашата ситуација, сепак, постојат многу начини на кои можете да ја зголемите вашата енергија и да имате барем помирен сон.

unsplash

Додека деновите за попладневни дремки веќе ви се чинат како остатоци од некој друг живот, со внимателна стратегија, можете повторно да го применувате тоа.

Ние често ги „отфрламе“ значајните придобивки од спиењето, што нè наведува да останеме будни до доцна во ноќта, префрлувајќи се од една на друга социјална мрежа или едноставно чепкајќи нешто низ домот.

Терапевтот и мајка Шерој Ју, сугерира да размислите за тоа како недостатокот на сон навистина влијае на вас и вашето секојдневие.

Тоа „влијае на вашито фокус, вашата способност да се прилагодите на потребите на вашите деца и вашата толеранција и издржливост во текот на денот. Кумулативно, тоа суптилно ја троши мотивацијата, врската со себе и другите како и вашата целокупна способност да уживате во вашиот сегашен живот“, вели Ју.

unsplash

Иако ова звучи депресивно, има една светла страна: Сфаќањето наважноста на сонот, ќе ве натера да му дадете приоритет, што ќе ви помогне да ги оставите помалку вашните задачи и активности.

Затоа оставете го вашиот мобилен телефон, гледањето телевизија или чистењето за утре и затворете ги очите малку порано од обично.

Ју ги охрабрува родителите да ги проценат сите опции во врска со улогите, одговорностите и изворите затоа што речиси сè што се чинеше „забрането“ пред пандемијата се чувствува како „луксуз“ за време на истата.

Терапевтката и мајка Кетин О`Брајан, ги охрабрува своите клиенти да спијат најмалку 5-6 ласа непрекинато и да практикуваат попладневни дремки или да спијат повеќе за време на викендите.

unsplash

Родителите кои моментално работат од дома едноставно може да го променат своето секојдневие со тоа што алиштата за перење можат да ги однесат на хемиско или понекогаш да го „скокнат“ задолителното припремање оброци со некоја од услугите за доставување на храна, едноставно да си го олеснат времето поминато во домашните работи.

Доколку сте во можност, побарајте помош. Можеби не е лоша идеја да прашате некој член од вашето пошироко семејство, пријател или сосед кој може да ве „одмени“ барем еден час за да се одморите. Со моменталните проблеми, можеби ќе треба да станете малку покреативни за да си помогнете.

unsplash

Размислете дали имате некој на кој што може да му го „дадете“ вашето бебе да го прошета со количка низ вашето соседство. Или можеби вашиот омилен член од семејството да закаже видео разговор со вашето дете и да му чита или раскаже некоја приказна? Вие може да останете во истата просторија и да се одморите додека некој друг се справува забавувајќи го вашето дете, барем на кратко.

Размислете за привремена промена што можете да ја направите за ноќите да станат малку полесни. Ако не можете да го зголемите бројот на часови за спиење, сепак можете да си помогнете да заспиете побрзо.

За тоа, Хартс предлага креирање на кратка рутина пред спиење со активности што ќе ве смират или опуштат. За некои луѓе, тоа може да значи гледање на омилена серија додека пиете топол чај. За други, тоа може да биде топла бања и добра книга.

unsplash

За „зајакнување“ на вашата енергија не се потребни комплицирани стратегии, едноставно обидете се да останете хидрирани и да јадете доволно храна со богати нутритивни вредности, бидејќи дехидрираноста и празниот стомак можат да имитираат истрошеност.

Бидејќи недостатокот на сон ја троши нашата „чаша“ со енергија, помислете на мали начини како да ја наполните повторно, вели Хартс.

Ако забележите дека се чувствувате вознемирени или презаситени, прашајте се: Што можам да направам во овој момент за да се чувствувам 5-10% подобро“, вели таа.

unsplash

Може да танцувате на вашата омилена песна или да ставите есенцијално масло од нане на вашите слепоочници. Познато е дека нането ја подобрува менталната јасност и го зголемува нивото на енергија. Користете различни техники на дишење за да ја зголемите вашата енергија или вежбајте. Иако физичката активност може да изгледа контраинтуитивно, докажано е дека го подигнува нивото на енергија и го подобрува вашето расположение. А на некои луѓе им помага да заспијат побрзо, подобрувајќи го квалитетот на сонот. Тоа не мора да биде формална рутина која ќе ви одземе многу време.

pixabay

Обидете се да најдете малку време за себе во текот на денот. На пример, вашите деца можат да бојат, да читаат или да играат во нивната соба додека вие читате весник, се одмарате на вашиот кревет или правите нешто друго што ве смирува.

Што и да правите, прво и основно правило е да сфатите дека спиењето е многу важно за вашето емоционално, ментално и физичко здравје, залужува прво место во вашиот распоред.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....