17.8 C
Скопје
11:03 - 16 април, 2024

Како да го запрете нападот на паника

Симптомите се појавуваат ненадејно, но обично исчезнуваат во рок од 10 минути.
Нападот на паника е ненадеен напад на вознемиреност или страв. Според Американското здружение за анксиозност и депресија (АДАА), постојат околу 13 симптоми на напади на паника, вклучувајќи болка во градниот кош, вртоглавица, останување без здив и страв од смрт.

АДАА вели дека ако имате четири или повеќе симптоми, имате напад на паника, иако може да се појават и со ограничени симптоми. Симптомите се појавуваат ненадејно, но обично исчезнуваат во рок од 10 минути. Паничните напади често се случуваат неочекувано, а многу луѓе не знаат што е причинителот за тоа.

Кога ги гледате бројките, тие се вообичаени, велат психијатрите. Сепак, нападот на паника може да се развие во панично нарушување. Тоа се дијагностицира кога луѓето живеат во страв од напади на паника, па дури и го менуваат своето однесување со надеж дека така ќе го избегнат.
Секој може да управува со напади на паника со техники на дишење, терапија и лекови.

Како да се справите со нападот на паника?

„Нападот на паника е прекумерно активирање на телесниот симпатички нервен систем на телото, што покренува реакција на борба или бегство, објаснуваат психијатрите.
Во текот на нападот на паника, неопходно е да се смири симпатичкиот нервен систем и да се активира парасимпатикусот, што поттикнува опуштање. Тука може да помогнат бавните и длабоките вдишувања.

Тоа ќе помогне да се забави дишењето и да се намалат отчукувањата на срцето во текот на нападат, додаваат лекарите.

Стабилното дишење е една од најдобрите алатки за надминување на нападите на паника. Покрај тоа, важно е да се соочите со негативните мисли поврзани со нападот на паника. На пример, ако се плашите од смрт, сетете се дека и порано сте преживеале напади на паника. Запомнете дека нападите на паника се непријатни, но физички не се штетни и повеќето од нив поминуваат во рок од 5 до 10 минути.

Изолираните напади на паника не се опасни. Опасно е кога луѓето го менуваат своето однесување со надеж дека ќе избегнат уште еден напад на паника. Тоа може да доведе до агорафобија, страв од ситуации што можат да предизвикуваат паника и социјална изолација, додаваат лекарите и советуваат – луѓето што сметаат дека нивните напади на паника им влијаат врз животот, да побараат медицинска помош.

Терапијата и лековите можат да помогнат во управувањето со нападите на паника

Когнитивната бихевиорална терапија и когнитивната терапија може да бидат делотворни за паничните напади и паничните нарушувања. Во ваквите терапии, пациентите полека се запознаваат со предизвикувачите на анксиозноста, па тие со помош на стручњаците учат како подобро да го контролираат својот одговор на итните и вонредните случаи.

Студија од 2018 година открила дека дури и два дена таква терапија дава трајни резултати за период од најмалку една година.

Лековите исто така можат да помогнат во контролата и управувањето со анксиозноста која предизвикува напади на паника. Сепак, бензодијазепините имаат висок ризик од создавање зависност, па не треба да се користат долгорочно.

Паничното нарушување е многу излечиво

Психијатрите велат дека лекувањето на паничното нарушување може да биде многу ефикасно, но нелекувањето може да доведе до агорафобија или страв од одредени места, особено од јавни места.

Луѓето што доживеале напад на паника треба да се обратат кај својот лекар за да изготват план за лекување што им одговара.

Клучно е пациентите да знаат дека не се сами. Денес има многу анксиозност во општеството.

Пациентите би требало да побараат помош и да се чувствуваат пријатно додека го споделуваат она низ што поминуваат, советуваат лекарите.

 

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....