3.8 C
Скопје
06:20 - 20 април, 2024

Како да го препознаете синдромот Хашимото: Мачната болест на современата доба долго поминува незабележливо

Улогата на штитната жлезда во нашиот организам е да обезбеди доволни количини на хормоните тироксин (Т4) и тријодтироним (Т3), кои влијаат врз развојот и метаболичките процеси во организмот. Овие хормони го забрзуваат разградувањето на гликозата во клетките и гликогенот во црниот дроб, влијаат врз силата и фреквенцијата на срцевиот мускул, мускулатурата, психичката активност, а директно се одговорни и за физичкиот и менталниот развој на организмот.
Хашимотов тироидитис е автоимуна болест, при што се случува клетките на имунолошкиот систем да ги препознаат клетките на сопственото ткиво како „непријателски“, па ги напаѓаат и ги уништуваат. Тоа се случува и кај Хашимотовиот синдром.

Причини за настанување на Хашимотовиот синдром се антителата што во тироидната жлезда доведуваат до имунолошко-инфламаторна реакција, како за последица има разорување на сопственото ткиво и манифестација на развојот на симптомите на болеста. Во прашање се антитела познати како ТПО.

Ова заболување е многу често, но неспоредливо почесто од него заболуваат жените, во однос 10:1, а болеста најчесто се појавува меѓу 40-тата и 50-тата година од животот, иако сè почесто се јавуваат и случаи на ран тириодитис.

Како главни предизвикувачи на Хашимотовиот синдром се наведуваат вируси, инфекции, психофизички стрес, зрачење и телесни трауми. Она што е карактеристично за Хашимотовиот тироидитис е тоа што најчесто доаѓа во комбинација со други автоимуни заболувања, какви што се ревматоиден артритис, лупус, дијабетес, анемија, целијакија, Сјогренов синдром и друго.

На самиот почеток на болеста, поради ослободување на хормонот на тироидната жлезда од нејзините оштетени клетки доаѓа до појава на симптоми какви што се забрзана работа на срцето, потење, мрсна кожа, тремор, претерана возбуденост, губење на телесната тежина, кои со едно име се нарекуваат симптоми на хипертироидизам. Овие симптоми траат од неколку денови до неколку недели, а потоа доаѓа до појава на симптоми на хипотироидизам – кога штитната жлезда ја забавува својата работа.

Манифестацијата на симптомите на хипотироидизам е многу бавна, честопати незабележлива, почнува со благо зголемување на штитната жлезда во пределот на вратот, што обично се открива при рутински лекарски преглед. Многу ретко пациентите чувствуваат непријатност или болка поврзана со пределот на тироидната жлезда.

Кога симптомите на хипотироидизам се појавуваат во полн ек, пациентите чувствуваат несразмерно силен и зашеметувачки замор, тромост, бавно се движат и зборуваат, забораваат, не поднесуваат студ, чувствуваат сонливост, безволност и проблеми со концентрацијата. Честа придружна несаканa појава на хипотиреозата е зголемување на телесната тежина, намалување на апетитот, забавување на перисталтиката и запек. Кожата е бледа и сува, очите се воспалени, а срцевиот ритам е бавен. Исто така, се јавуваат и мускулна слабост и болки во мускулите, како и нарушувања на менструалниот циклус.

Ако забележите некој или сите од горенаведените симптоми, неопходно е веднаш да се јавите кај ендокринолог, кој врз основа на прегледот – ултразвук и лабораториски анализи на хормоните Т3, Т4, ТСХ и антителата во крвта, ќе постави соодветна дијагноза и ќе одреди терапија што има за цел стабилизирање на нивото на хормоните на тироидната жлезда во крвта.

 

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....