21.8 C
Скопје
13:59 - 28 март, 2024

Изборете се со паничните напади – ќесе во џебот и откопчајте го копчето

Додека некои луѓе ги загубија своите работни места поради карантинот, други добија двојно повеќе работа – а тоа се психотерапевтите и психијатрите. Стресот што го доживеавме за време на самоизолацијата за многумина резултираше со здравствени проблеми – психички и физички.

Една од последиците со која се соочуваат луѓето во текот на пандемијата се честите напади на паника.

На психолозите најчесто луѓето им се обраќаат заради паничните напади. Пациентите се жалеле на силно чувство на ужас што буквално ги парализирало. Луѓето мислеле дека го изгубиле разумот или дека дури и умираат за време на паничниот напад. Покрај огромниот страв, тие почувствувале и физички симптоми: гушење, забрзано чукање на срцето, мачнина, зголемено потење, вкочанетост, заматен вид, болки во градите и стомакот.

Фото: Профимедиа

Паничниот напад го предизвикува стресот што се насобрал

Психолозите објасниле: нападите на паника се предизвикани од стресот што се акумулира во организмот во текот на подолго време. Дури и кога животот формално се враќа во нормала, експлозиите на силниот страв не престануваат: човекот може да страда од нив со години.

Паниката ги „напаѓа“ луѓето кои не поднесуваат промени

Луѓето со високо ниво на вознемиреност (анксиозност) се најмногу изложени на нападите на паника. Тие имаат претерана потреба од контрола, не го поднесуваат чувството на несигурност и ги доживуваат ненадејните промени во животот како голем стрес.

Фото: Профимедиа

Нападот на паника може да го задеси човекот каде било: на работа, дома, во превозот. Психолозите советуваат: бидете подготвени и запомнете неколку едноставни правила.

  1. Потсетете се: ниту еден човек во светот не починал од паничен напад. И покрај тоа што срцето ви чука како „лудо“, нема да доживеете срцев удар. Нападот на паника е реакција на мозокот на психичкиот замор и стрес. Нема да потрае повеќе од 5-10 минути.
  2. Седнете на удобен стол или кауч во максимално опуштена поза. Откопчајте ги ременот и копчето на вратот. Стегнете ги тупаниците 10 пати.
  3. Дишете во хартиено ќесе: јаглерод диоксидот ги смирува нервите, но не претерувајте!
  4. Ако имате чести напади на паника, носете шише со смирувачки чај или тинктура од валеријана или маточина.
  5. Парадоксално, но – немојте да се борите со чувството на страв. Напротив, опуштете се и доживејте го. Тогаш ќе сфатите дека тој не ве убива.
Фото: Профимедиа

Колку што е помал стравот – толку е послаб нападот. На тој начин, полека ќе го решите својот проблем.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....