9.8 C
Скопје
08:22 - 20 април, 2024

Италијански доктор откри што им се случува на оздравените од ковид-19: Тешко се враќаат во нормала и постои процедура за опоравување

Поради големата траума што ја поминаа борејќи се со коронавирусот, италијанските лекари се позанимавале со последиците кои ковид-19 ги остава на излекуваните пациенти.
Доктор Пиеро Клаварио, кардиолог и специјалист по физикална медицина од ASL3 болницата во Џенова, смета дека на здравствениот систем на Италија набрзо ќе им бидат потребни посткорона штабови.

Вообичаено се грижиме за кардиолошките пациенти по акутната фаза, поради акутните коронарни синдроми или по кардиолошките операции. Набрзо по почетокот на епидемијата на ковид-19 сфативме дека порано или подоцна ќе мораме да се грижиме и за оние кои го преживејаа ковид-19. Во тоа време нашиот диспанзер беше затворен и одлучивме да го пренамениме кардиолошкиот рехабилитациски центар во центар за проценка и евалуација на оздравените од ковид-19 – објаснува Клаварио.

Такви центри или некаков облик на организирана медицинска практика очигледно ќе бидат потребни и во другите земји, а веќе се зборува за посткорона синдромот.
Докторот Клаварио и неговите соработници сведочат како се манифестира синдромот. Тие поради искуството со епидемијата во Италија очекувале дека им следува борба со последиците за белите дробови кај излечените од оваа коронавирусот.

Повеќето италијански лекари се плашеа од хроничните белодробни последици и досега ги видовме во одреден број, но не толку колку што очекувавме. Главното прашање е дали луѓето по ковид-19 се чувствуваат нормално или нивните капацитети се редуцирани и зошто. Одговорот е дека повеќето имаат симптоми, и психолошки, а околу 15 отсто од нив имаат посттравматско стресно нарушување. Повеќето од излекуваните имаат намалени функционални капацитети, намалени капацитети за физичка активност и тоа е главно причина за губење на сила во мускулите – објаснува Клаварио.
Докторот додава дека оздравените едноставно не се чувствуваат добро, а според досегашното искуство тоа го припишува на губењето на силата и проблемите со мускулите.

Вели дека добрата вест е што за време на рехабилитацијата луѓето можат брзо да се опорават и дека луѓето треба да се предупредат дека по инфекција со коронавирусот може да се чувствуваат полошо, но дека тоа нема да трае засекогаш.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....