8.8 C
Скопје
22:34 - 28 март, 2024

Руски доктор советува: Високиот притисок не се лекува со таблети!

Професорот Сергеј Бубновски еднаш едвај се спасил од болест. Успеал да се извлече, но не со помош на лекови, туку со сопствен систем на лекување кој подразбира кинезотерапија, заснована на движење.

Со помош на тој систем на лечење, Сергеј Бубновски кревал на нозе и безнадежни пациенти.

Поучен од сопственото искуство, овој ценет доктор советува да се потпрете на сопствените резерви во телото. Тој смета дека доволно е наутро да направите неколку вежби.

Ви пренесуваме интервју објавено во руски медиуми:

Дали вежбате наутро?

Се бањам со ладна вода и тоа е вежба сама по себе, бидејќи мускулите се стимулираат однатре. Потоа, вежбам гимнастика. Моите пациенти со сериозни кардиолошки болести откако почнаа да прават вежби според одреден систем беа позитивно изненадени од подобрувањето.

Секако, наједноставно е да проголтате таблета против притисок. Најтешко е да ги користите ресурсите на своите тело за да се ослободите од притисокот. Ниту еден кардиолог на светот не може да ми покаже пациент што оздравел од хипертензија со лекови. Пациентот прво се навлекува на една таблета, а потоа на цела шака лекови…

Дали тоа е некој вид заговор?

Да! Штом човек се разболи, а тоа се случува околу четириесеттата година, кардиолозите велат: време е за таблети. Наместо да сфатите зошто болеста се појавила, вие послушно одите во аптека и земате лекови што спречуваат коронарна болест на срцето. Всушност, не постои профилакс: болеста се влошува, бидејќи болката во градите е последица од лошата состојба на телото, а не причината. Потребно е да разберете што се случува со срцето, со крвните садови. Немам видено здрави луѓе што напуштаат болници. Имам видено преживеани. И јас едвај го поминав тој пат од инвалид до здрав човек.

Но сите ние, кога ќе се разболиме, првото нешто што го правиме е одење на лекар!

Ако имате 40 години и одите на лекар, тоа е исто како тој да ви каже: драга, време е да се разболите! Тогаш ви препишува таблети. А човек ги пие и не забележува дека тие не помагаат. Кога ќе дојде до ситуација да нема доволно пари за сите тие лекови, зема книги и почнува да чита за алтернативна медицина. Тогаш открива други лекови: движење, дишење!

Парадокс: децата што се болни, докторите ги ослободуваат од физичко воспитување! Од некоја причина се верува дека човекот што се движи сигурно ќе се разболи и дека ќе оздрави лежејќи во кревет. Но како што знаете, водата не тече под камен! Секојдневните клекнувања со исправен грб ќе ви помогнат да оздравите од многу болести.

Но најтешко е да се поднесува болка!

Во случај на акутна болка, се применуваат ладни облози за ублажување на отоците, што ја подобрува микроциркулацијата. Болката секогаш е едем, насобрана течност. А вие треба да правите вежби што ја пумпаат таа течност од зглобовите.

Агина пекторис исто така е воспаление на внатрешната слузокожа. И зад градната коска постои болка. И ние наместо да вежбаме, одиме во кревет и голтаме таблети. Но не сум видел ниту еден човек што се ослободил од таа болка пиејќи шака таблети.

Пациентите ме прашуваат: „Па што, цел живот да вежбам?“ Но тоа е како да миете заби и да се бањате. Станете, направете ги вежбите и продолжете понатаму. Верувајте ми, нема да останете, туку ќе станете помлади со вежбање! Кај луѓето што редовно вежбаат, наместо стари клетки се појавуваат помлади.

Што советувате да се вежба и како?

Ако имате висок притисок, болка во градите: клекнувања, склекови и слично. Ако секој ден правите клекнувања со исправен грб, многу проблеми ќе исчезнат. Ова е особено важно за оние што долго седат пред компјутер.

Почитувајте го ова правило: ако сте седел еден час, направете 30 клекувања. Добро би било секое утро да го почнувате со ладен туш – 5 секунди. Тоа го буди целото тело и дава енергија за цел ден.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....