13.8 C
Скопје
16:55 - 19 април, 2024

Пронајдена состојка што ја намалува пневмонијата предизвикана од ковид-19

Корона вирусот предизвикува пневмонија и го отежнува дишењето, што потенцијално може да доведе до смрт – затоа научниците бараат решение.

Истражувачите од Универзитетот во Небраска и Институтот за биомедицински истражувања во Тексас испитуваат, како канабиноидите присутни во канабисот може да помогнат во лекувањето на опасната пневмонија.

Нивната работа која е објавена во списанието „Brain, Behaviour and Immunity“, детално ги опишува антиинфламаторните својства на канабиноидите. Тие посочуваат, сегашната инфекција ковид-19 е поврзана со цитокинот кој предизвикува треска, кашлица и болки во мускулите. Овие екстремни случаи предизвикани од инфекцијата, се резултат на цитокинот во моментот кога белите дробови се полнат со течност, што е предизвикано од имунолошкиот систем.

Резултатите покажуваат дека CBD (канабиноидите) имаат антиинфламаторни својства без ефекти врз психата, што традиционалниот канабис ги има кога се консумира.

Наместо тоа, канабиноидите ги намалуваат воспалителните цитокини како што се:

  • IL-6
  • IL -2
  • IL-1α и β
  • Гама интерферон
  • CXCL10
  • CCL2
  • CCL3
  • Факторите за некроза на тумори

Овие цитокини се фатални во последната и најтешката фаза од инфекцијата на вирусот ковид 19, поради што ова истражување дава голема надеж дека ќе можеме да го намалиме бројот на смртни случаи во блиска иднина.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....