Најважното откритие: Конечно утврден редоследот на симптомите на коронавирусот

Редоследот на добивање на симптомите на коронавирусот е дефинитивно утврден, а научниците велат дека сите треба да го запомнат тоа, за да се самоизолираат навреме, или да побараат лекарска помош.

Овој редослед со кој се појавуваат симптомите на коронавирусот ќе им помогне на лекарите да можат навреме да го утврдат присуството на коронавирусот, или да ја елиминираат оваа можност заради некоја друга болест.

Конечно утврдениот редослед на појавувањето на симптомите е следниот:

  1. Температура
  2. Кашлица
  3. Болка во мускулите
  4. Гадење/мачнина
  5. Повраќање или дијареја

– Многу е важно да се знае овој редослед во моментот кога со коронавирусот можат да се „судираат“ другите инфекции, како што е грипот. Лекарите можат да предвидат каква ќе биде состојбата на пациентот, а идентификувањето на оние кои немаат коронавирус врз основа на редоследот ќе помогне и во растоварувањето на здравствените системи – рекол авторот на студијата Питер Кан од Универзитетот во Јужна Каролина.

Кашлицата и температурата честопати се поврзани со другите респираторни инфекции, но коронавирусот се „издвојува“ според појавувањето на симптомите кои го вклучуваат гастроинтестиналниот тракт, односно системот за варење.

„Горниот дел од тој систем, покажуваат податоците, прв ќе ги почувствува последиците, поради што најпрво ќе се појават симптомите на гадење, па дури потоа дијарејата или повраќањето“, се наведува во студијата.

Истражувањето ги опфатило симптомите на повеќе од 55.000 потврдени заразени луѓе, чии податоци ги собрала Светската здравствена организација (СЗО). Тие се споредени со случаите на грип и другите болести собрани од 1994. до 1998 година.

Истражувањето е објавено во списанието „Границите на јавното здравје“.

Слични објави

Кога да реагирате? Препознајте ги симптомите на дијабетес кај децата

Слободен печат

2000 милиграми витамин Ц дневно за заболените од ковид-19

Еспресо

Кои симптоми откриваат дека мора да ја проверите состојбата на тироидата

Слободен Печат

Ново истражување: Луѓето со крвна група А имаат 45 отсто поголеми шанси да се заразат со коронавирус

Еспресо

Интервју со доц. д-р Искра Цветковиќ: Заболените од ковид-19 да избегнуваат контакт со своите домашни миленици

Еспресо

Дали и кога ќе има втор бран на ковид-19?

Еспресо

Остави Коментар

19 − тринаесет =

Слични објави

Колку точно физичка активност го продолжува животот? Одговорот ќе ве изненади!

Еспресо

Интервју со доц. д-р Искра Цветковиќ: Заболените од ковид-19 да избегнуваат контакт со своите домашни миленици

Еспресо

Со музика против нездравите емоции – Оваа песна докажано ги намалува анксиозноста и стресот! (ВИДЕО)

Еспресо

Кинеските научници дошле до неверојатни податоци: Луѓето со крвна група А можеби се поподложни на коронавирусот?

Еспресо

Научниците докажаа – оваа крвна група најдобро го поднесува стресот

Еспресо

Кашлањето, кивањето и зборувањето можат да го рашират коронавирусот, но некои капки се поопасни од другите

Еспресо
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian