17.8 C
Скопје
18:14 - 28 март, 2024

Кога е безбедно да бидете во близина на лице што закрепнало од ковид-19

Пред да одлучат да излезат меѓу луѓе да се дружат, има три критериуми што мора да ги исполнат.

Бидејќи коронавирусот продолжува да се шири немилосрдно низ целиот свет, големи се шансите да познавате барем едно лице кое било заразено. Прашањето е кога е безбедно да престојувате во нивна близина?

Да се потсетиме: Вирусот се шири преку капки меѓу луѓето, што значи кивање, кашлање, па дури и пеење и гласно зборување. Лицето кое се заразило, најверојатно, ќе развие симптоми во рок од 11 дена, а во зависност од тежината на болеста, потребни се неколку недели за да закрепне. Кај најтешките случаи, забележано е траење на закрепнувањето и до шест недели.

Според пишувањето на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, да се знае кога е безбедно да се биде во близина на лице кое закрепнало од болеста зависи од целосните симптоми, особено од нивниот недостаток.

Според стручњаците, критериумите за завршување на изолацијата се:

– Поминале најмалку 14 дена од првиот ден на болеста.

– Најмалку три последователни дена, пациентот бил афебрилен без употреба на антипиретици.

– Има значајно подобрување на респираторните и другите симптоми на ковид-19.

Важно е да се запамети дека луѓето што закрепнале, може да задржат одредени симптоми како што се замор или главоболка, наведуваат инфектолозите и додаваат дека тоа не значи дека тие сепак можат да ве заразат. На некои луѓе им е потребно малку повеќе време за целосно закрепнување.

Ако некоја личност била позитивна, но немала никакви симптоми, таа може да излезе меѓу луѓе после 10 дена. Но, оние со послаб имунолошки систем треба да останат дома повеќе од 10 дена.

Без разлика дали постоеле симптоми или не, луѓето кои прележале ковид-19 можат повторно да се тестираат за да видат дали сѐ уште се носители на вирусот, ако е можно да се стори тоа. Ако двата теста се негативни, а се направени во растојание од 24 часа, тие слободно можат да се дружат со пријателите.

Оние што биле во близок контакт со личност која била заразена, би требало да останат дома 14 дена, советуваат експертите, бидејќи речиси толку е потребно за да се појават симптоми. Запомнете дека е потребно да носите и маски секогаш кога можете и да се дистанцирате во ситуации кога сте опкружени со луѓе. Експертите предупредуваат дека фактот дека сте оздравеле од болеста не ви дава право да ги игнорирате препораките на епидемиолозите.

Епидемиолозите додаваат: „Важно е сите ние – вклучително и оние што закрепнале од вирусот – да ги практикуваме заштитни мерки за да го спречиме ширењето на вирусот“.

Кога некој конечно ќе закрепне од болеста и посака да биде меѓу луѓе, важно е да процени колку пријатно се чувствува во такво опкружување, но и како вие се чувствувате во негова близина. Добра е идејата да поразговарате за тоа.

 

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....