7.8 C
Скопје
00:20 - 26 април, 2024

Кинеските научници дошле до неверојатни податоци: Луѓето со крвна група А можеби се поподложни на коронавирусот?

Луѓето со крвна група А се поподложни на зараза со коронавирус, додека оние со крвна група 0 се меѓу најотпорните. Ова е резултат на истражување на група кинески научници, кое е објавено на сајтот medRxiv, пишува South Chine Morning Post

Кинеските научници прегледале податоци од 2.000 пациенти од болниците во Вухан и во Шенжен, вклучувајќи и повеќе од 200 смртни случаи.

Според нивните податоци, меѓу жителите на Вухан 34% имаат крвна група 0, 32% се крвна група А, 25% Б и 9% АБ.

За да дојдат до овие податоци, научниците ja анализирале крвта на 3.700 граѓани на Вухан, кои не се заразени со коронавирус, пренесува TAS S.

Од друга страна, најмногу заразени жители на Вухан (38%) се со крвна група А, додека 26,4 % од заболените се со крвна група Б, а 25,8% имаат нулта крвна група. Најмалку пациенти, 10% се со крвна група АБ.

Според тоа, во истражувањето се вели дека најзагрозени се оние со крвна група А, додека од оние со крвна група 0 сразмерно има најмалку заболени од вирусот Ковид-19.
За да ја проверат својата теорија, тие направиле контролно истражување на 398 дополнителни пациенти од Вухан и Шензен и добиле исти резултати.

 

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....