6.8 C
Скопје
01:10 - 29 март, 2024

Кашлањето, кивањето и зборувањето можат да го рашират коронавирусот, но некои капки се поопасни од другите

Знаеме дека коронавирусот се шири преку капки, што значи дека сме директно загрозени ако заразеното лице кива, кашла или зборува во наше присуство.

Сепак, најновата студија открила дека некои заразени капки се шират подалеку од другите.

Истражувачите заклучиле дека и со кивањето и со кашлањето и со зборувањето можеме да го пренесеме коронавирусопт бидејќи сите три дејствија произведуваат капки што го носат вирусот.
Ако гласно се зборува во текот на една минута, можат да се произведат и до 1.000 капки кои во себе го носат вирусот.

Сепак, стручњаците откриле дека кивањето може да произведе и до 40.000 заразени капки.

Кашлањето е еден од најчестите симптоми на короната, а може да произведе околу 3.000 капки кои го носат вирусот.

Сепак, научниците објаснуваат дека сите капки нема да го носат вирусот, при што поголемите капки ќе ја пренесат болеста, а помалите ќе останат во воздухот, но имаат помала веројатност за зараза.

Капките кои заболената личност ги исфрлила од белите дробови можат да ги вдишат минувачите, а можат да досегнат дури и 6 метри далечина, да влезат во вентилацискиот систем и да патуваат низ воздухот, тврди истражувањето.

Аеросолите исфрлени од устата за време на кашлањето настануваат не како поединечни капки туку како млаз со вртлог и можат да поминат импресивна оддалеченост пред да се распрснат во воздухот.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....