21.8 C
Скопје
16:02 - 28 март, 2024

Хроничниот стрес и исцрпеноста можат да бидат клучни фактори за развој на оваа болест

Ако чувствувате длабока ментална и физичка исцрпеност, нови итражувања сега покажуваат дека можеби се соочувате со поголем ризик од потенцијално пребрзо чукање на срцето, кое може да биде фатално. 

Оваа здравствена состојба се нарекува Атријална фибрилација и е најчесто пореметување на срцевиот ритам и главна причина за мозочен удар во Европа и САД, со која се соочуваат повеќе од 33 милиони луѓе ширум светот.

Многу луѓе кои живеат со ова пореметување трпат болки во градите и постојано чувствуваат замор. Кај други пат, ова може да помине и без симптоми, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Ново истражување објавено во понеделникот во Европскиот журнал за превентивна кардиологија, укажува на тоа дека хроничниот стрес и исцрпеноста можат да бидат клучни фактори при развојот на болеста.

– Знаевме дека стресот може да доведе до други видови на срцеви болести, но ова е прво истражување кое се поврзува и со исрцепеноста и потенцијално зголем ризик за срцева аритмија – рекол авторот на истражувањето доктор Парвин Гарг, вонреден професор по клиничка медицина на Медицинскиот факултет Кек во Јужна Калифорнија.

– Познававме неколку клучни фактори за ризик кои се многу важни, како што се дебелината и високиот крвен притисок, но тоа не објаснува зошто ја добивме оваа состојба. Сега ја пронајдовме и врската меѓу исцрпеноста и забрзаното чукање на срцето, која не беше опишана од претходно – додава докторот објаснувајќи ја оваа болест.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....